„Лицето ми се деформира од паразит – си ги потрошив сите пари за да најдам лек, ми се уништи животот“
- Детали
- петок, 28 ноември 2025
Американска ријалити ѕвезда вели дека „закачила“ паразит во Мароко што ѝ го деформирал лицето. Си ги потрошила сите пари за да најде лек и сподели дека дури сега, две години подоцна, конечно нашла експерт кој имал дијагноза за неа.

Бренди Глендвил е американска ријалити ѕвезда, позната по шоуто The Real Housewives of Beverly Hills.
Изминативе две години, таа се соочува со сериозен проблем – од непознати причини лицето ѝ е целосно деформирано.
Самата смета дека станува збор за некаков паразит, додека експертите што го имаат коментирано нејзиниот случај велат дека е поверојатно да има хронична инфекција.

Покрај тоа што „паразитот“ ѝ го уништи лицето, Бренди вели дека ѝ е уништен и животот и дека останал без пари во потрага по третмани.
Бренди смета дека проблемот настанал во јули 2023 година, додека го снимале реалното шоу во Мароко.
„Јадевме храна која стоеше на отворено со часови, а имаше и месо. Шест месеци откако се вратив од Мароко, ми се јавија проблеми со говорот и имав отоци. Уште пробувам да откријам што е“, сподели таа пред околу една година.

Потоа ријалити ѕвездата тврдеше дека чувствувала како некаков „паразит“ ѝ се движи низ лицето и била сигурно дека „закачила“ нешто од храната во Мароко.
Како што вели, отишла кај повеќе од 20 лекари и потрошила над 100.000 долари со надеж дека ќе открие што ѝ се случува.

Кон крајот на минатата година, Бренди сподели дека е сигурна дека станува збор за некаков паразит, но дека сè уште нема одговор од експерт.
Набрзо потоа, таа ги отстрани сите филери од лицето, мислејќи дека тоа ќе го реши проблемот.

Очајна за помош, Бренди откри дека на лицето си ставила и крем за отстранување влакна, но ова само ѝ ја влоши состојбата.
Си предизвика сериозна иритација на лицето, па покрај деформитетот, имаше и црвенило.

Дури ова лето, Бренди сподели дека конечно нашла експерт кој сакал да ѝ помогне.
Таа не ја откри дијагнозата, но набрзо потоа сподели фотка на која изгледа како состојбата да ѝ е значително подобрена.

Но, во целата голгота, Бренди истакнува дека си ги потрошила скоро сите пари.
„Здравственото осигурување не ги покриваше трошоците – ми велеа дека само сум имала некакво воспаление и стари филери. Не ми веруваа дека ми се појавуваа израстоци на лицето.
Ја потрошив целата заштеда, веќе немам средства ни на кредитната картичка. На моја возраст, ова е огромен неуспех бидејќи самата се грижев за сè.
Сега сум навистина исплашена за иднината“.

Последно, Бренди се огласи за магазинот Us Weekly каде откри дека психички е во подобра состојба.
„Процесот беше бавен, но конечно ѝ се враќам на мојата нормална рутина и се чувствувам добро. Се преселив, па новиот дом ми е како свеж почеток.
Новото место ми помогна да одморам и да се фокусирам на тоа да создадам помирно опкружување за мене“.

Иако Бренди вели дека имала паразит, познат доктор од САД кој го коментираше нејзиниот случај верува дека е во прашање инфекција на мекото ткиво на лицето.
Спирова С. | Црнобело
