И јавноста дозна за нивните неверства - Најскандалозни љубовни триаголници во Холивуд

Анџелина Џоли, Бред Пит и Џенифер Анистон

Ова е најпознатиот љубовен триаголник во Холивуд. 

Пит се ожени со Џенифер Анистон во 2000 година, а се разведоа 5 години подоцна.

Според една верзија, причината била неподготвеноста на актерката да има деца, според друга, долгоочекуваната бременост на Анистон завршила со спонтан абортус, по што врската почнала да се влошува.

Нивната љубов завршила кога Пит ја запознал Анџелина Џоли на снимањето на филмот „Господин и госпоѓа Смит“ и започнале тајна афера.

Анистон извесно време ги игнорирала гласините и го поддржувала својот сопруг, дури и кога во јавност почнале да се шират гласини за неверство. 

Гласините се покажаа како вистинити и во 2006 година Пит и Џоли ја потврдија својата љубов соопштувајќи и дека очекуваат дете. 

Ова беше двоен удар за Анистон.

По некое време, Џенифер сепак ги сподели своите искуства со новинарите: „Ми беше болно и срамно кога дознав дека тој се заљубил во Анџелина додека сè уште бевме во брак“. Сè беше очигледно, но јас едноставно не го забележав тоа. Не сакав да дискутирам за тоа“.

Џони Деп, Амбер Херд и Илон Маск

Врската помеѓу Херд и Деп започна во 2011 година, а 4 години подоцна парот се венчаше.

По 15 месеци брак поднесоа барање за развод. 

Херд го обвини нејзиниот сопруг за семејно насилство. 

Тој не остана покус и ѝ поднесе противтужба за клевета, истовремено осудувајќи ја сопругата за бројни неверства, меѓу кои и со милијардерот Илон Маск. 

Иако Амбер негираше дека го изневерувала во медиумите се појави видео од лифтот во кој се наоѓа станот на холивудскиот актер, на кое Амбер и Маск разменуваат нежности. 

По разводот, актерката една година беше во врска со Маск. 

С. Ш. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

8 години беше љубовница на оженет маж со три деца, па му роди ќерка - Бурниот љубовен живот на Лаура... Иако важи за една од миленичките на италијанската музичка сцена, жена која е и п...
Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
„Домот ми беше толку расфрлан и валкан, што имав и стаорци – 16 години немав фрлено буквално ништо“ „Го чувам секое парче облека што сум го купила или добила, дури и оние што не ги...
Тажниот живот на сестрата на Џеки Кенеди: Сопругот ѝ остави долг од 60 милиони долари, Аристотел Она... Ли Радзивил го поминала животот во сенката на сестра ѝ Џеки Кенеди, а дури ѝ мај...
Абортирала поради него, ја терал да спие со Ерос Рамацоти за да направи еротски фотки - Бурната љубо... Поранешниот сопруг, познат и како „крал на папараците“ во Италија, продавал нејз...
Сите љубовници на Адолф Хитлер - Бирал двојно помлади девојки, една му родила син, внуката се убила ... Приказната за љубовта на Адолф Хитлер и Ева Браун е позната на сите, но малкумин...

Најчитани неделава