Откорнати покриви, милиони луѓе без струја - Застрашувачки видеа од ураганот Милтон во Флорида

Петти пат годинава, САД се соочува со ураган. Милтон ја погоди Флорида која пред неполн месец беше опустошена од друг ураган. Милиони луѓе останале без струја, а веќе се пријавуваат и жртви.

zastrashuvachki-fotki-i-videa-od-uraganot-vo-sad-pettiot-shto-ja-pogodi-drzhavata-vo-2024-ta-01.jpg

Ураганот Милтон e петтиот кој годинава стигнал до територијата на САД.

Претходно, Тексас се соочи со ураган во јули, а околу еден месец подоцна имаше ураган и на Флорида. И двата беа од прва категорија, односно релативно слаби.

Потоа, во септември, Луизијана се соочи со ураган од втора категорија, а пред неполн месец, Флорида беше погодена од силниот ураган Хелена кој предизвика историски поплави.

Сега, Флорида повторно се соочува со катастрофа, откако ураганот Милтон стигна до копното.

Америка не се соочила со толку непогоди во една година можеби цел век.

Ураганот Милтон е од категорија 3, со ветришта кои се движат со брзина од 193 километри на час.

Во среда навечер (09.10) кога ураганот стигна до Флорида, над 1,5 милиони домови останале без струја, додека речиси веднаш биле уништени повеќе од 125 куќи.

Ураганот е и смртоносен и веќе се известува за жртви, но не е позната точна бројка.

Неодамна беше објавено и видео од авион кој влетува во ураганот со цел да собере податоци за него.

Бидејќи луѓето во Флорида веќе видоа пустош со ураганот Хелена, многумина стравуваа дека ураганот Милтон ќе биде како апокалипса и дека шансите за преживување ќе бидат мали.

Добрите вести се дека ураганот сепак е послаб од Хелена, а веќе од петок се очекува да се оддалечи од копното.

Во продолжение, дел од фотографиите и видеата споделени на Твитер:

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Син ми тежи 14kg на 6 месеци – ме критикуваат дека му давам премногу храна, не го собира во количка... Кога жена го родила своето четврто бебе, тоа имало просечна тежина од околу 3,2 ...
Тажниот живот на сестрата на Џеки Кенеди: Сопругот ѝ остави долг од 60 милиони долари, Аристотел Она... Ли Радзивил го поминала животот во сенката на сестра ѝ Џеки Кенеди, а дури ѝ мај...
Цели градови под вода на Јамајка, по една од најсилните бури во историјата – ураганот Мелиса (фото+в... Ураганот Мелиса ја погоди Јамајка со пороен дожд и ветар со брзина од над 290 ки...
„Станав полицаец откако очувот ја уби мајка ми – сега им помагам на жртви на семејно насилство“ „Беше чудно кога гледав како очувот го изнесува полиција бидејќи ја удрил мајка ...
Меланија му ставала креми со кавијар кога бил дете, има свое богатство од 150 милиони долари - Како ... Барон никогаш не носел тренерки, дури ни како дете, туку од мал сакал да се обле...
„Продадовме сè за да патуваме низ светот и се вративме дома за 6 месеци – реалноста е поразлична од ... „Седиме на убава плажа, но јас морам да се вклучам на состанок. Одиме на кафе во...

Најчитани неделава