Мајка ѝ ја добила во афера, секогаш бира постари мажи - Како внуката на Борис Елцин стана скандал-девојка?
На почетокот на 2020-та година, Марија се најде среде скандал кога се дозна дека е во врска со рускиот фудбалер Фјодор Смолов. Проблемот беше што таа имаше само 17 години, а тој 29. На јавноста не ѝ се допаѓаше големата разлика во годините и тоа што девојката сè уште е малолетна, а тој како возрасен маж е во врска со ученичка.

Иако парот не се појавуваше заедно во јавност, во медиумите беа објавени фотографии на кои се гледа како фудбалерот оди на одмори со семејството на Марија.

Во 2022-ра година, голем скандал предизвика изјавата на фудбалерот, кој призна дека повремено оди во стриптиз клубови за да се опушти по напорните натпревари и дека на неговата девојка тоа не ѝ пречи, па повремено и го придружува.

Во еден период имаше гласини дека Марија и Фјодор се подготвуваат за свадба, но во декември 2022-ра година веќе се дозна дека раскинале.
Имаше гласини дека фудбалерот ја изневерил девојката со првата придружничка на Мис Русија за 2018-та година, но тој ги демантира.
Според други гласини, пак, Марија и Фјодор се разделиле затоа што таа не ја поддржувала политиката на моменталниот претседател на Русија и се залагала против крвопролевањето во Украина.

Марија во тој период беше мошне активна на социјалните мрежи и постојано привлекуваше внимание со провокативните фотографии.

Минатата година таа откри дека е во нова врска, со дечко за кој се знае дека е значително повозрасен од неа, но засега го крие неговото име.

Во меѓувреме нејзиниот поранешен дечко се ожени со руска блогерка.

Б. С. Б. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Се огласи девојката која беше најдена со скршени раце и нозе во Дубаи: „Ме нападнаа богаташи, ми се ...
„Во собата имаше алкохол и дрога и ме тераа да им се придружам. Им реков дека не...
8 години беше љубовница на оженет маж со три деца, па му роди ќерка - Бурниот љубовен живот на Лаура...
Иако важи за една од миленичките на италијанската музичка сцена, жена која е и п...
Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо...
23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
Девојка од Велика Британија за својот бизнис во Дубаи: „Изнајмувам луксузни јахти, 24/7 добивам пови...
„Цените на изнајмување започнуваат од 100 евра до 6.000 евра на час, во зависнос...
„Домот ми беше толку расфрлан и валкан, што имав и стаорци – 16 години немав фрлено буквално ништо“
„Го чувам секое парче облека што сум го купила или добила, дури и оние што не ги...
Синот на Доналд Трамп на чуден начин објави дека се свршил – татко му ја тапна по рамо девојката за ...
Синот на Доналд Трамп од бракот со Ивана, со чуден и непријатен говор во Белата ...