Киднапирано дете од САД е пронајдено по 7 години, откако се појави во крими документарец – виновникот е мајка му

Во 2017-та, Абдул Азиз Кан бил киднапиран од мајка му. Иако надлежните биле свесни дека таа е киднаперот, било невозможно да ја лоцираат. Сега, 7 години подоцна и на 2.500 километри од местото на киднапирањето, Абдул конечно е пронајден.

kidnapirano-dete-od-sad-e-pronajdeno-po-7-godini-otkako-se-pojavi-vo-krimi-dokumentarec-vinovnikot-e-majka-mu-01.jpg

За еден родител, најлошото нешто што може да му се случи е да го изгуби своето дете.

И, не станува збор само за трагична смрт, туку некогаш децата и исчезнуваат.

Иако во вакви ситуации родителите, па и надлежните го даваат најдоброто од себе да не изгубат надеж, штом ќе поминат неколку години од исчезнувањето, јавноста верува дека шансите да се пронајде изгубеното дете се еднакви на нула.

Но, понекогаш се случува некое дете да биде најдено, без разлика колку време поминало.

Токму ваков е случајот со Абдул Азиз Кан од Џорџија, САД, кој исчезнал пред седум години, а беше пронајден годинава.

kidnapirano-dete-od-sad-e-pronajdeno-po-7-godini-otkako-se-pojavi-vo-krimi-dokumentarec-vinovnikot-e-majka-mu-05.JPGАбдул пред киднапирањето

Во јули минатата година, случајот со исчезнувањето на Абдул беше прикажан во епизода од документарната крими серија Unsolved Mysteries.

Детето било киднапирано од мајка му и иако полицијата трагала по неа, сè досега не можеле да ја лоцираат ни неа, ни син ѝ.

14-годишниот Абдул бил пронајден во Колорадо, на околу 2.500 километри од местото каде што бил киднапиран.

kidnapirano-dete-od-sad-e-pronajdeno-po-7-godini-otkako-se-pojavi-vo-krimi-dokumentarec-vinovnikot-e-majka-mu-03.JPGАбдул и татко му кој има целосно старателство над детето

Полицајците од Колорадо го пронашле сосема случајно, откако добиле повик за можен грабеж во куќа.

Сопственикот на куќата не бил дома, но преку безбедносните камери забележал чудна активност, па повикал полиција.

Кога полицајците стигнале на имотот, пред влезот затекнале две деца.

„Полицајците ги прашаа децата што се случува. Едното од нив, кое подоцна беше идентификувано како исчезнатиот Абдул, рече дека нивните родители се агенти за недвижност, или така нешто.

Потоа детето ѝ се јавило на мајка му на телефон, па од куќата излегле двајца возрасни“, откри шерифот на одделот кој одговорил на повикот.

Полицајците почнале да им поставуваат повеќе прашања бидејќи се сомневале во она што го кажувале.

Кога ѝ побарале лична карта на жената, таа изјавила дека немала документ за идентификација.

kidnapirano-dete-od-sad-e-pronajdeno-po-7-godini-otkako-se-pojavi-vo-krimi-dokumentarec-vinovnikot-e-majka-mu-6.JPGБиолошката мајка на Абдул

Па, полицајците решиле да ѝ ги проверат отпечатоците од прсти и тогаш дознале дека е издадена потерница за нејзино апсење поради киднапирање, кражба и низа други прекршоци.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Го остави сопругот милијардер бидејќи се дружеше со педофил: Каде е денес Мелинда Гејтс? Мелинда Гејтс има релативно скромно потекло и самата успеа за изгради име за себ...
„Станав полицаец откако очувот ја уби мајка ми – сега им помагам на жртви на семејно насилство“ „Беше чудно кога гледав како очувот го изнесува полиција бидејќи ја удрил мајка ...
8 години беше љубовница на оженет маж со три деца, па му роди ќерка - Бурниот љубовен живот на Лаура... Иако важи за една од миленичките на италијанската музичка сцена, жена која е и п...
Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
Се огласи девојката која беше најдена со скршени раце и нозе во Дубаи: „Ме нападнаа богаташи, ми се ... „Во собата имаше алкохол и дрога и ме тераа да им се придружам. Им реков дека не...
„Зависна сум од солариум – ми се појавија чудни израстоци на кожата, но сепак одам секој ден“ Млада Британка за себе вели дека е зависна од солариум и оди секој ден по 30 мин...

Најчитани неделава