Шпанска актерка на 68 години со сперма од починатиот син и сурогат мајка доби внука - сега ѝ го прослави вториот роденден
- Детали
- понеделник, 21 април 2025
Ана Обрегон (70) има повеќе од 1 милион следбеници на Инстаграм со кои споделува детали од животот со внуката (2). Синот на Ана почина на 27 години во 2020-та година од рак, a Ана одлучи да му ја исполни желбата да стане татко и ја искористи неговата замрзната сперма и сега таа ја чува неговата ќерка.
Шпанската актерка Ана Обрегон (70) стана мета на критики кога отворено проговори за својата одлука да ја добие својата внука Анита Сандра со помош на сурогат мајка, користејќи ја замрзнатата сперма на нејзиниот починат син, Алес Лекио.
Алес почина од рак во 2020 година на само 27 години, по што Ана вели дека се чувствувала „мртва три години“, сè додека не ја добила Анита Сандра, на која таа ѝ е единствен старател.
По раѓањето на Анита Сандра, Ана станала нејзин единствен законски старател.
Таа вели дека ова го направила затоа што последната желба на нејзиниот син била да добие дете.
Ана за целата ситуација за шпанските медиуми во една пригода изјави:
„Знам дека никогаш повеќе нема да ја почувствувам среќата што ја имав кога Алес беше со мене.
Таа болка никогаш нема да исчезне. Не се прифаќа ниту се надминува смртта на дете, само прифаќаш дека никогаш нема да се помириш со тоа.
Среќна сум што Анита Сандра сега ги исполнува моите денови. Бев мртва три години по смртта на Алес, сè додека не се роди таа... Животот повторно доби смисла.
Таа ми е внука и кога ќе порасне, ќе ѝ зборувам за Алес и кој бил тој...“
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





