Танцува во провокативна облека, сака да пее: Која е контроверзната сестра на Грета Тунберг?
- Детали
- среда, 11 јуни 2025
Грета Тунберг има помлада сестра која со години живее во нејзината сенка. За себе вели дека е пејачка, танчарка и модел, а покрај видеата на кои пее, честопати споделува и фотки на кои е облечена во провокативна облека.

Несомнено, Грета Тунберг е најпознатата активистка во светот, а деновиве повторно е во центарот на вниманието откако со група активисти се обиде да однесе хуманитарна помош во појасот Газа.
Но, додека Грета се фокусира на глобалните проблеми, нејзината помлада сестра, Беа Ернман, има сосема други интереси.
19-годишната Беа е танчарка и пејачка, а дури и си го промени името со цел да избега од сенката на нејзината позната сестра.
Но, покрај пеењето, Беа редовно споделува и фотографии и видеа на кои е во провокативни изданија.
Вистинското име на помалата сестра на Грета е Беата Тунберг. Но, откако младата активистка се прослави, сестра ѝ одлучила да го користи моминското презиме на мајка ѝ – Ернман – како и да го скрати своето име во Беа.
Кога Грета почна да се прославува, стекна и многу непријатели поради своите ставови, а самата призна дека во целата ситуација, најмногу страдала нејзината сестра.
И, Беа навистина била жртва на потсмев и булинг само поради сестра ѝ.
„Оној кој страда најмногу е мојата сестра. Таа има 13 години и е жртва на булинг, закани и вознемирување.
Луѓето кои ми се закануваат мене, му се закануваат и на целото мое семејство, дури и на сестра ми“, изјави Грета пред шест години.
Сега Беа оди по стапките на мајка ѝ Малена Ернман која е оперска пејачка, но и која ја претставуваше Шведска на Евровизија во 2009 година.
Беа ја започна музичката кариера околу 2020 година, а на Инстаграм веќе има 10.000 следбеници.
Истата година доби улога во мјузикл, заедно со мајка ѝ. Оттогаш, таа има настапувано низ цела Шведска и се надева дека ќе се прослави надвор од границите на својата земја.
