Драстичната трансформација на ријалити ѕвезда: Ослабе 220 kg, направи 8-часовна операција за отстранување вишок кожа
- Детали
- понеделник, 16 јуни 2025
Во период од околу пет години, ријалити ѕвездата Теми Слејтон од шоуто 1.000-lb Sisters ослабе над 200 килограми, направи операција за отстранување на кожата и сега го живее својот втор живот.

Теми Слејтон се прослави во САД благодарение на реалното шоу 1.000-lb Sisters што го снима заедно со сестра ѝ Ејми.
Шоуто се емитува веќе пет години и ја прикажува битката со вишокот килограми на двете сестри.
Теми (лево) и Ејми (десно)
Целиот живот Теми имала проблеми со вишокот килограми, но од почетокот на шоуто до денес има ослабено повеќе 200 килограми, а неодамна направи и операција за отстранување на вишокот кожа.
Ако пред неколку години беше мета на потсмев, не само поради изгледот, туку и однесувањето, сега Теми е инспиративна жена која покажува дека со упорност и труд, скоро ништо не е недостижно.
И сестра ѝ успеа да ослабе, но уште е критикувана за лошото однесување, па јавноста ѝ обрнува помалку внимание.
Неколку детали за животот на Теми и нејзината драстична трансформација:
Проблемите со килограмите почнале уште во детството
Во интервју, Теми има откриено дека нејзината мајка имала три работни места за да може да се грижи за неа и сестра ѝ. Па, Теми и Ејми пораснале со баба им.
Но, кога баба им починала, двете биле оставени сами на себе и тој период почнале да се хранат нездраво.
Теми вели дека воопшто не обрнувале внимание на исхраната, а бидејќи со нив немале возрасна личност која ќе може да ги контролира, и двете почнале да се дебелеат.
Па, пред почетокот на реалното шоу, Теми веќе имала над 300 килограми, додека сестра ѝ – околу 180 килограми.
На сестрите им било јасно дека си го загрозуваат животот, па решиле да се појават во реалното шоу со надеж дека ќе добијат соодветна помош, но и дека ќе се мотивираат да ослабат.
Теми не можеше да направи ни операција за намалување на желудникот
Операцијата за намалување на желудник е решение за многу луѓе со прекумерна тежина. Но, килажата на Теми била преголема за да може да ја направи операцијата.
Па, првиот чекор бил да стигне тежина под 250 килограми.
Поради вишокот килограми, теми се соочуваше со низа проблеми со здравјето, а кога се зарази со ковид за време на пандемијата, беше и хоспитализирана. Извесен период мораше да носи и маска со кислород.