Драстичната трансформација на ријалити ѕвезда: Ослабе 220 kg, направи 8-часовна операција за отстранување вишок кожа
И покрај сите предизвици, Теми успеа да ослаби доволно, па ѝ беше направена операција за намалување на желудникот.
Годинава направи операција за отстранување на кожата
Од почетокот на шоуто во 2020-та до денес, Теми има ослабено дури 226 килограми.
На почетокот од 2025-та, ѝ беше направена и операција за отстранување на вишокот кожа која траела дури осум часа.
Теми вели дека од целото досегашно патување, најисплашена била за оваа операција.
„Бев многу нервозна пред операцијата бидејќи се плашев како ќе се чувствувам кога ќе се видам без стомак“.
Од операцијата имаат поминато неколку месеци, а Теми вели дека докторите биле задоволно до тоа како закрепнува.
„Докторите беа дури и изненадени од тоа колку брзо закрепнав. Ме пуштија дома само четири дена по операцијата“.
Таа вели дека уште ѝ е чудно што има ново тело.
„Шокирана сум и малку ми е чудно. Не ми виси кожа на лицето, ниту на рацете. Кога ќе погледам надолу, можам да си ги видам нозете. Мислам дека ќе ми биде потребно време да се навикнам на новата јас“.
Теми ја споделува својата приказна и на Инстаграм, каде што има скоро еден милион следбеници.
Од следбениците постојано добива поддршка, но и многу комплименти за упорноста и позитивната промена не само во изгледот, туку животот воопшто.
„Теми навистина работи на себе, созреа и сега е многу подобра личност отколку порано“.
„Сега се гледа вистинската Теми“.
„Ти си прекрасна дама и си доказ дека со упорност можеме да стигнеме секаде. Продолжи така Теми!“
„Горди сме на тебе. Работеше напорно и сега трудот се исплати“.
Спирова С. | Црнобело