Жена со бизарна зависност да има што поголеми усни - става филери на 2 седмици, не може да ја затвори устата
- Детали
- недела, 29 јуни 2025
Првата корекција на усните ја направила на 18 години и не сопрела оттогаш. Троши илјадници долари за овој изглед, кој многумина го нарекуваат бизарен.

Виена Вурстел трансродна жена која живее во Шпанија, е опседната со големи усни и си ставила толку многу филери што сега не може да ја затвори устата, а има и проблеми со дишењето.
Таа вели дека сè уште не завршила со естетските зафати.

Вели дека уште од мала била опседната со изгледот кој го смета за „екстра женствен“.
Првиот филер го ставила на 18-годишна возраст и оттогаш не застанала.

Во последните пет години потрошила околу 175.000 долари на естетски зафати, од кои 50.000 долари само на филери.
„Откако почнав со зголемување, тоа ми стана целосна опсесија. Големи усни, големи облини, сè големо – така се чувствувам најдобро. За мене, огромни усни се врв на женствен и секси изглед...“

Објасни дека става нови филери секои две до четири недели и патува од Шпанија во Франкфурт, Германија, за да оди кај „најдобриот хирург за екстремни усни“.
„Секое патување ме чини над 2.000 долари, но, убавината нема цена“, вели таа.

Виена често ги покажува своите огромни усни на социјалните мрежи, каде добива многу негативни коментари поради нејзиниот необичен изглед.
Покрај негативните коментари, оваа инфлуенсерка признава дека се соочила и со здравствени проблеми.
Нејзините усни се „многу чувствителни“, а носот ѝ е „затнат“, па мора да дише преку устата.

С. С. | Црнобело