Татко скокнал од крузер за да ја спаси ќеркичката што паднала во море: „Бродот движеше брзо, ги изгубивме од видик“ (видео)
- Детали
- вторник, 01 јули 2025
„Бродот се движеше многу брзо, луѓето за многу кратко време стануваа мали точки во морето и ги губевме од видик“ – велат сведоците за застрашувачката ситуација која за среќа заврши со спасување на таткото и ќерката која паднала од четвртото ниво на крузерот на Disney Cruise Lines.

На 29-ти јуни се случил застрашувачки инцидент, кога од четвртото ниво на бродот Disney Dream, кој бил на неколкудневно крстарење од Флорида до Бахами, двајцата патници паднале преку бродот во водата.
Според видео снимките и сведоштвата од патници на социјалните мрежи, но и изјавата на Disney Cruise Line, прво паднало девојче, а потоа нејзиниот татко скокнал по неа за да ја спаси.
Низ бродот се расчулo предупредување за итни случаи, а наводно низ интерфоните се слушала тајната шифра „MOB“, што означува „man overboard“ (човек надвор од бродот).
Екипажот веднаш се организирал и со помош на брод за спасување и елечиња, тргнале во мисија да ги спасат патниците.

„Бродот се движеше многу брзо, толку брзо, што луѓето за многу кратко време стануваа мали точки во морето и ги губевме од видик.
Капетанот го забави бродот и го сврте, а потоа спуштија чамец за спасување со луѓе кои отидоа да ги земат, па видовме дека ги спасуваат и таткото и ќерката“ – изјавила една од патничките, пренесува CBS.
Кликнете на видеото за да го погледнете:
За време на спасувачката мисија, голем број од патниците снимале видеа од моментот, а многумина велат дека мислеле дека е само еден човек, но се израдувале кога виделе дека спасуваат двајца.
На една од снимките се гледа како таткото ја држи во раце ќеркичката додека се во вода, а кога доаѓа спасувачката екипа ја подава прво неа, па потоа го спасуваат и него.

„Сите бевме загрижени. Плачев како бебе кога ги спасија“ – вели еден од патниците, а друг додава „Ова беше искуство што се доживува еднаш, се надевам нема да морам да го видам повторно“.
@noeayala32 ♬ original sound - El_Noe
Во едно од видеата, во позадина се слуша некој од патниците на бродот како вели дека видел само еден човек: „Мислам дека се обидуваа да направат фотка покрај оградата“.
@noeayala32 ♬ original sound - El_Noe
Сепак, засега нема точни информации како се случил инцидентот со детето, со оглед на тоа што бродот е заштитен со плексиглас за да се спречат падови.
Портпаролот на Disney Cruise Lines, за USA Today, изјавил:
„Пофалби до нашиот екипаж за нивните исклучителни вештини и брзо дејствување, што овозможи брзо враќање на двајцата гости на бродот, во рок од неколку минути.
Ние сме посветени на безбедноста и добросостојбата на нашите гости, а овој инцидент ја истакнува ефективноста на нашите безбедносни протоколи“.
Други експерти на социјалните мрежи коментираат дека спасувањата при пад од брод се многу ретко успешни и дека родителите мора повеќе да внимаваат на своите деца и нивната безбедност.
М. М. | Црнобело