Тинејџерската љубов му беше сопруга само 11 дена - Најсреќните моменти на Диого Жота и саканата, низ фотографии
- Детали
- петок, 04 јули 2025
Љубовната приказна на загинатиот фудбалер Диого Жота (28) и неговата сопруга Рут, траеше 13 години, а е една од најтажните во светот на спортот.

13-те години љубов на Диего Жота и Рут Кардозо, беа крунисани со брак на 22 јуни 2025, само 11 дена пред ѕвездата на Ливерпул да загине во страшна сообраќајна несреќа, заедно со својот помал брат.
Рут и Диого се запознале уште во средно училиште, кога тој имал 16 години, а долго пред да стане успешен фудбалер со светска кариера.

Уште во тоа време, Рут на својот профил на Инстаграм споделувала фотографии со својот сакан, спомени од нивните секојдневни, но и од нивните најсреќни моменти.
Сите тие раскажуваат приказна за љубовта која траеше повеќе од една и пол деценија, а во која парот доби три деца - два сина и ќерка.
Нивната среќа ја заокружија со свадбена церемонија на крајот на минатиот месец, кога си кажаа „Да, засекогаш“.
Токму тоа е и описот на една од нивните последни објави на Инстаграм.
За жал, нивното „засекогаш“, траеше само 11 дена, а Рут ќе мора да го продолжи животот без својот сакан Диого.
Погледнете ги фотографиите од нивната љубовна приказна низ годините:








