Ги викнала на вечера и им дала јадење со отровни печурки: Која е жената што си ги уби свекорот и свекрвата?
До 2019 година, и двајцата родители на Ерин починале од рак, па таа наследила уште повеќе пари. Ги искористила за да ја изгради куќата во која подоцна ќе ги убие свекорот и свекрвата.
Иако биле разделени, Ерин и сопругот не се развеле, а за време на судењето тој откри дека останале во добар однос, сè до 2022 година.
Се јавиле некои проблеми со документите за плаќањето данок на државата, а во меѓувреме Сајмон бил советуван да престане да плаќа за болнички и медицински трошоци за нивните деца.
Ова ја разгневило Ерин, па таа дури и ги преместила децата во друго училиште без да се консултира со него.
Не е познато кој бил мотивот за убиството, но се претпоставува дека една од причините може да е конфликтот меѓу Ерин и Сајмон кој само се влошувал.
На 29-ти јули 2023 година, Ерин на гости ги поканила Сајмон, свекорот и свекрвата на вечера, заедно со тетка му на Сајмон и нејзиниот сопруг.
Дошле сите, освен Сајмон, а Ерин им зготвила говедско месо, но во јадењето ставила и отровни печурки.
Двете деца ги испратила на кино, па во куќата биле само Ерин, свекорот, свекрвата, и тетка му на Сајмон со сопругот.
Следниот ден, четворицата гости биле примени во болница со воспаление на желудникот и тенкото црево.
И Ерин пријавила симптоми како повраќање и дијареја, но одбила да ја прегледаат.
Бидејќи симптомите на четворицата гости биле многу сериозни, лекарите се загрижиле и за состојбата на Ерин, но и ситуацијата им била малку сомнителна, па повикале полиција.
Лекарите веднаш се посомневале дека симптомите се поради труење од печурки бидејќи биле многу изразени.
Како што изјави едниот од лекарите на сведочењето, му станало јасно дека е труење со печурки бидејќи на сите четворица пациенти одеднаш им се јавиле сериозни проблеми со црниот дроб.
Кога, пак, свекорот, свекрвата и тетка му на Сајмон починале во болница, полицијата решила да започне истрага.
Единствено преживеал сопругот на тетка му на Сајмон на кој му била направена трансплантација на црн дроб и поминал речиси два месеца во болница.
Бидејќи само Ерин немала симптоми, веднаш станала главниот осомничен.
На 14-ти април, Ерин дала детална изјава во која тврдела дека купила сушени печурки од азиски супермаркет, но дека труењето било несреќа. Таа тврдеше дека немала никаква причина да ги убие „саканите членови на семејството“.
Сепак, истрагата покажала дека Ерин долг период истражувала за отровни печурки, а истовремено гледала и читала содржини за убиства, главно со труење.
Ерин беше уапсена на 2-ри ноември 2023-та и обвинета за три убиства и еден обид за убиство. Судењето започна во мај годинава, а во судницата сведочеа лекари, токсиколози и членови на семејството.
На 7-ми јули, Ерин беше прогласена за виновна за сите четири обвиненија и може да поднесе жалба во рок од 28 дена.
Нејзиниот мотив останува нејасен, но наводно не покажала никаква емоција кога ѝ ја кажале пресудата и, генерално, во текот на целото судење делувала „ладно“, па можно е да се во прашање проблеми со психичкото здравје.
Спирова С. | Црнобело