Ги викнала на вечера и им дала јадење со отровни печурки: Која е жената што си ги уби свекорот и свекрвата?

Ерин Патерсон од Австралија може да добие доживотна казна затвор бидејќи во 2023-та отрула три лица со јадење со отровни печурки. Жртвите се нејзините свекор и свекрва, како и сестрата на свекрвата. Од ручекот јадел уште еден маж, но по трансплантација на црн дроб и седум недели во болница, успеал да се спаси.

gi-viknala-na-vechera-i-im-dala-jadenje-so-otrovni-pechurki-koja-e-zhenata-shto-si-gi-ubi-svekorot-i-svekrvata-01.jpg

По судењето што траеше десет недели, Ерин Патерсон од Австралија беше прогласена за виновна за убиството на нејзините свекор и свекрва, како и убиството на тетката на нејзиниот сопруг кое се случило во 2023-та.

Ерин пробала да го убие и сопругот на тетката, но тој преживеал.

За свирепото убиство, Ерин користела отровни печурки кои ги ставила во ручекот што им го послужила на жртвите.

Пресудата беше донесена на 7-ми јули, а бидејќи целиот случај изгледа како приказна од крими роман или филм, убиството привлече доста внимание не само во Австралија, туку и целиот свет.

Казната допрва треба да биде изречена, но се претпоставува дека Ерин ќе го помине целиот живот зад решетки.

gi-viknala-na-vechera-i-im-dala-jadenje-so-otrovni-pechurki-koja-e-zhenata-shto-si-gi-ubi-svekorot-i-svekrvata-13.JPG

Која е Ерин Патерсон и зошто одлучила да ги отруе свекорот и свекрвата?

Оние кои ја познаваат Ерин уште од детството, ја опишуваат како мошне интелигентна личност.

Таа била родена во Мелбурн, а нејзината мајка била почитуван универзитетски професор и експерт за детска литература, додека татко ѝ држел директорски позиции во неколку компании во Австралија.

За време на судењето, Ерин откри дека во детството развила нарушување во исхраната и имала многу ниска самодоверба – проблеми што ја прогонувале и како возрасна.

gi-viknala-na-vechera-i-im-dala-jadenje-so-otrovni-pechurki-koja-e-zhenata-shto-si-gi-ubi-svekorot-i-svekrvata-7.JPG

Во текот на своето образование, Ерин првично се фокусирала на природни науки, но потоа се премислила и почнала да студира економија.

Во 2001-ва, Ерин завршила обука за контролор на воздушен сообраќај и успешно го положила тестот кој е навистина тежок.

Извесен период работела како контролор, а за време на истрагата, нејзините колеги ја опишувале како чудна жена која најчесто се изолирала и неретко била мошне неучтива.

gi-viknala-na-vechera-i-im-dala-jadenje-so-otrovni-pechurki-koja-e-zhenata-shto-si-gi-ubi-svekorot-i-svekrvata-06.JPG

Потоа Ерин почнала да работи во организација за заштита, спасување и згрижување животни во Мелбурн, и токму овде, во 2004-та, го запознала сопругот Сајмон Патерсон.

Во своето сведоштво за време на судењето, Сајмон ја опиша Ерин како многу интелигентна и забавна личност и откри дека извесен период се дружеле пред да почнат романтична врска.

Во 2006 година, починала бабата на Ерин која ѝ оставила големо богатство – околу 2 милиони долари – кои ѝ биле исплаќани во период од осум години. Во 2007-ма, пак, таа и Сајмон се венчале.

gi-viknala-na-vechera-i-im-dala-jadenje-so-otrovni-pechurki-koja-e-zhenata-shto-si-gi-ubi-svekorot-i-svekrvata-02.JPG

Благодарение на наследството на Ерин, со сопругот решиле да патуваат низ Австралија, пред да купат куќа во западниот дел на земјата.

Во 2009-та го добиле првото дете, но набрзо потоа се разделиле.

Почнале да одат на брачен советник и иако имале уште една разделба, до 2013-та повторно живееле заедно, а следната година го добиле второто дете.

gi-viknala-na-vechera-i-im-dala-jadenje-so-otrovni-pechurki-koja-e-zhenata-shto-si-gi-ubi-svekorot-i-svekrvata-05.JPG

Сепак, во 2015 година повторно се разделиле, а за време на судењето Ерин изјави дека најголем проблем им била комуникацијата.

Разделбата била мирна – Ерин и Сајмон останале блиски, заедно се грижеле за децата, а во нивните животи биле вклучени и родителите на Сајмон.

gi-viknala-na-vechera-i-im-dala-jadenje-so-otrovni-pechurki-koja-e-zhenata-shto-si-gi-ubi-svekorot-i-svekrvata-14.JPG

Дури и самата Ерин изјави дека по разделбата, свекорот и свекрвата не го промениле односот кон неа и уште си ја третирале како снаа.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Позитива на денот: Полицајци чуваат детенце накиснато од дожд, за мајката доставувач да ја направи и... „Врне силно, а јас морам да доставам храна. Може ли да го оставам син ми тука на...
„Зависна сум од солариум – ми се појавија чудни израстоци на кожата, но сепак одам секој ден“ Млада Британка за себе вели дека е зависна од солариум и оди секој ден по 30 мин...
„Домот ми беше толку расфрлан и валкан, што имав и стаорци – 16 години немав фрлено буквално ништо“ „Го чувам секое парче облека што сум го купила или добила, дури и оние што не ги...
Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
Се огласи девојката која беше најдена со скршени раце и нозе во Дубаи: „Ме нападнаа богаташи, ми се ... „Во собата имаше алкохол и дрога и ме тераа да им се придружам. Им реков дека не...
„Сакај повторно“ - Дечко ѝ оставил потресно писмо на саканата откако се самоубил - со години му била... „Кога првпат го прочитав писмото, си помислив: ‘Што по ѓаволите е ова?’. На поче...

Најчитани неделава