Најпосакуваниот маж на Тиндер, по 9 години пронајде љубов, но не преку апликацијата, туку во живо

„Мојата жена од соништата била офлајн цело време“, изјави Стефан-Пјер Томлин (34), кој првпат ја симнал апликацијата за запознавање Тиндер во 2015 година, откако, како што вели, „се мачел да ја најде љубовта“.

najposakuvaniot-mazh-na-tinder-po-9-godini-pronajde-ljubov-no-ne-preku-aplikacijata-tuku-vo-zhivo-01.jpg

Запознајте го најпосакуваниот маж на Тиндер, кој конечно во 2024-та ја најде љубовта по девет години на Тиндер, а сега и проговори за неа... Но, вели дека неговата „жена од соништата“ била офлајн цело време.

Стефан-Пјер Томлин (34) од Велика Британија, модел по професија и пилот, првпат ја симнал апликацијата за запознавање во јуни 2015 година, откако, како што вели, „се мачел да ја најде љубовта“.

najposakuvaniot-mazh-na-tinder-po-9-godini-pronajde-ljubov-no-ne-preku-aplikacijata-tuku-vo-zhivo-12.jpg

Но, две години подоцна станал „зависник“ – трошел повеќе од три часа дневно во пребарување потенцијални патнерки.

Во 2017 година официјално добил титула „Мистер Тиндер“, откако се откри дека повеќе од 14.600 корисници го „свајкнале десно“, што значи дека бил најпосакуваниот маж на апликацијата.

najposakuvaniot-mazh-na-tinder-po-9-godini-pronajde-ljubov-no-ne-preku-aplikacijata-tuku-vo-zhivo-07.jpg

На апликацијата Tinder „swipe left“ значи одбиваш, а „swipe right“ значи прифаќаш некого, што значи за него имало интерес од многу, многу жени.

Иако имал илјадници состаноци, Стефан никогаш не ја нашол вистинската љубов преку Тиндер и му недостасувала вистинска поврзаност.

najposakuvaniot-mazh-na-tinder-po-9-godini-pronajde-ljubov-no-ne-preku-aplikacijata-tuku-vo-zhivo-09.jpg

Но, сето тоа се сменило кога една вечер во бар во Лондон во октомври 2024 година, ја запознал Вики Батсфорд (43), менаџерка во сферата на финансии.

„Ме освои веднаш. Сè со неа беше лесно и природно“, вели Стефан.

najposakuvaniot-mazh-na-tinder-po-9-godini-pronajde-ljubov-no-ne-preku-aplikacijata-tuku-vo-zhivo-04.jpg

Иако некогаш дневно добивал по 40 совпаѓања на Тиндер, вели дека со текот на времето сето тоа станало површно, а по неговата слава како „Мистер Тиндер“, контактите биле сè помалку автентични.

„Вики не знаеше кој сум кога се запознавме, што ми одговараше.

Таа е организирана, скромна и ме виде надвор од таа фасада на Мистер Тиндер.

Таа е совршената жена за мене – и сега сум целосно неодостапен за другите“.

najposakuvaniot-mazh-na-tinder-po-9-godini-pronajde-ljubov-no-ne-preku-aplikacijata-tuku-vo-zhivo-06.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Татко го фрла синот (7) од висока карпа во вода - видео што го разлути светот и ги подели мислењата „Ова изгледа страшно, овој татко е премногу груб кон детето“... се некои од осуд...
8 години беше љубовница на оженет маж со три деца, па му роди ќерка - Бурниот љубовен живот на Лаура... Иако важи за една од миленичките на италијанската музичка сцена, жена која е и п...
„На 15 години ме праќаа во хотели за топлес да ме сликаат мажи“ - Манекенка за темната страна на про... „Понекогаш среќавав убаво облечени мажи во нивните канцеларии, а понекогаша сред...
Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
Сингапурецот кој изгледа како 20-годишен дечко наполни 60 години – кои се неговите тајни за младолик... Со години сите се прашуваат како е можно овој Сингапурец да изгледа како 20-годи...
„Зависна сум од солариум – ми се појавија чудни израстоци на кожата, но сепак одам секој ден“ Млада Британка за себе вели дека е зависна од солариум и оди секој ден по 30 мин...

Најчитани неделава