Сите детали за случајот што го згрози светот: Стјуардеса (20) пронајдена мртва на супер јахта, покрај остров каде живеат милијардери
- Детали
- понеделник, 14 јули 2025
Пред околу две недели, 20-годишната Пејџ Бел била пронајдена мртва на луксузната јахта на којашто работела. Јахтата била закотвена на остров на Бахамите каде што летуваат богаташите и каде што низа милијардери имаат куќи. Главниот осомничен е инженерот на јахтата кој наводно пробал да изврши самоубиство.

Пејџ Бел, која денес (14.07) требало да го прослави 21-иот роденден, пред околу две недели била ладнокрвно убиена на луксузната суперјахта на којашто работела.
На 3-ти јули, 20-годишната Пејџ била пронајдена мртва во машинската просторија на јахтата Far From It која била закотвена на остров на Бахамите.
Пејџ, која потекнувала од Јоханесбург, Јужна Африка, за 21-иот роденден испланирала голема забава.
Но, на 3-ти јули, кога луксузната јахта била закотвена на пристаниште на Бахамите, екипажот повикал полиција бидејќи ја немале видено Пејџ некој период.
Полицајците веднаш ја пребарале јахтата и го нашле мртвото тело на младата двојка во машинската просторија (просторијата во којашто се наоѓа моторот на јахтата).
На нејзиното тело имало видни повреди, од што било очигледно дека станува збор за убиство.
Во истата просторија, тие го нашле и главниот осомничен – бродскиот инженер Брижидо Муноз.
И инженерот имал повреди, но само на рацете, поради што се претпоставува дека пробал да изврши самоубиство.
Бил пренесен во болница и откако му ги санирале повредите, полицијата го обвинила за убиство.
Минатата недела се појавил и на суд, а според досегашните информации постои сомнеж дека Пејџ била и сексуално нападната.
На првото сослушување, на инженерот му било одбиено барањето за да биде ослободен со кауција и ќе остане во притвор до почетокот на судењето, кое е закажано за ноември.
Но, надлежните истакнуваат дека истрагата уште трае, не е познато што точно се случило и кој бил мотивот на убиецот.
Луксузната јахта на којашто се случило грозоморното убиство нуди одмори за богаташи, кои треба да одвојат и до 120.000 евра неделно.
На јахтата собира 10 гости, а има и екипаж од девет членови.
Пејџ претходно работела и на друга слична јахта, до декември 2024-та, а нејзините колеги се огласија на социјалните мрежи.
„Пејџ беше повеќе од колешка, таа беше семејство. Нејзиниот весел дух, заразната смеа и бескрајната емпатија ја направија важен дел од животот на сите кои ја знаеја.
Без разлика дали беа долги денови на море или тивки мигови под ѕвездите, Пејџ носеше светлина и топлина, каде и да отидеше“.
Пријателите ја опишуваат како „златна девојка“ и се надеваат дека убиството ќе се реши што е можно побрзо и дека Пејџ ќе ја добие заслужената правда.
Грозоморното убиство ја разбранува јавноста и поради фактот што се случило во кругот на ултрабогатите.
Телото на Пејџ било пронајдено на остров на Бахамите кој е позна како „игралиште за богаташите“.
Овде, на одмор одат некои од најпознатите луѓе на светот, како Том Круз и Кардашијанс, а над 20 милијардери, вклучувајќи го и Бил Гејтс, овде имаат куќи.
Спирова С. | Црнобело