Данска – 67 години, Турција – 60 години: Кога се пензионираат жителите на европските земји?

Во нордиските земји се работи најдолго – луѓето се пензионираат на 67 години, но оваа граница се очекува да се големи до 70 години. Кај нас, пак, мажите можат да се пензионираат на 64, а жените на 62 години, под услов да имаат најмалку 15 години стаж. Како е во другите европски земји?

danska-67-godini-turcija-60-godini-koga-se-penzioniraat-zhitelite-na-evropskite-zemji--01.jpg

Уште кон крајот на минатата година, кај нас почна да се дискутира за потенцијално зголемување на старосната граница на пензионирање.

Моментално, во Македонија старосната граница за пензионирање е 62 години за жени и 64 години за мажи, под услов да имаат најмалку 15 години стаж.

Но, во споредба со европските земји, изгледа дека границата во Македонија е меѓу најниските.

Во моментов не се размислува за зголемување на границата кај нас, но многу земји низ Европа веќе го прават ова.

danska-67-godini-turcija-60-godini-koga-se-penzioniraat-zhitelite-na-evropskite-zemji-04.JPG

Изминативе месец-два најмногу внимание привлекува старосната граница во Данска која е планирано да се зголеми до дури 70 години.

Кон крајот на мај, данскиот парламент изгласа закон според кој возрасната граница за пензионирање ќе се зголеми до 70 години до 2040-та.

Како што пренесува BBC, уште од 2006 година, Данска ја поврзува возрасната граница за пензионирање со просечниот животен век, а се прави ревизија на секои пет години.

Бидејќи просечниот животен век се зголемува, се зголемува и границата за пензионирање.

danska-67-godini-turcija-60-godini-koga-se-penzioniraat-zhitelite-na-evropskite-zemji-02.JPG

Моментално оваа граница е 67 години за мажи и за жени. До 2030-та ќе се искачи на 68 години, а до 2035-та – до 69 години.

Лицата родени по 31-ви декември 1970 година ќе можат да се пензионираат дури на 70-годишна возраст.

Сепак, и тогаш властите изјавија дека можно е да се направат и промени во возрасната граница и дека не мора да значи дека ќе се поместува автоматски.

Зголемувањето на границата предизвика револт кај Данците, но многу побурни беа Французите кога во 2023-та се најдоа во слична положба.

danska-67-godini-turcija-60-godini-koga-se-penzioniraat-zhitelite-na-evropskite-zemji-7.JPG

Имено, во 2023, возрасната граница се зголеми од 62 на 64 години. И, поради промената, низ Франција почнаа протести. Но, ова не помогна и законот сепак беше донесен.

Слични промени се очекуваат во бројни земји низ Европа, што значи на многу места ќе се поместува старосната граница. Исто така, во секоја земја има и други фактори кои влијаат на пензионирањето, како работниот стаж.

Моментално, луѓето во нордиските земји работат најмногу – до 67 години – додека Турците најмалку, односно до 60-годишна возраст за мажи и 58-годишна возраст за жени.

danska-67-godini-turcija-60-godini-koga-se-penzioniraat-zhitelite-na-evropskite-zemji-03.JPG

На која возраст се пензионираат луѓето низ европските земји (во 2025 година)?

- Данска, Исланд и Норвешка – 67 години за мажи и жени

- Холандија, Ирска и Англија – 66 години за мажи и жени

- Германија, Португалија, Белгија, Финска, Италија, Шпанија, Шведска и Кипар – 65 години за мажи и жени

- Швајцарија – 65 години за мажи и 64 за жени

- Австрија и Полска – 65 години за мажи, 60 за жени

- Унгарија – 65 години за мажи и 62 години за жени

danska-67-godini-turcija-60-godini-koga-se-penzioniraat-zhitelite-na-evropskite-zemji-05.JPG

- Хрватска – 65 години за мажи и 63 години за жени

- Романија – 65 години за мажи и 61 година за жени

- Франција, Естонија и Латвија – 64 години за мажи и жени

- Бугарија – 64 години за мажи, 61 година за жени

danska-67-godini-turcija-60-godini-koga-se-penzioniraat-zhitelite-na-evropskite-zemji-06.JPG

- Литванија – 64 години за мажи и 63 години за жени

- Чешка и Малта – 63 години за мажи и жени

- Словачка, Грција, Луксембург и Словенија – 62 години за мажи и жени

- Турција – 60 години за мажи, 58 години за жени

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 години беше љубовница на оженет маж со три деца, па му роди ќерка - Бурниот љубовен живот на Лаура... Иако важи за една од миленичките на италијанската музичка сцена, жена која е и п...
„Ги отпишавме децата од училиште за да патуваме низ светот – нè критикуваат, но овој начин на живот ... Пар од САД одлучил да го прекине формалното образование на своите деца за време ...
Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
„На 15 години ме праќаа во хотели за топлес да ме сликаат мажи“ - Манекенка за темната страна на про... „Понекогаш среќавав убаво облечени мажи во нивните канцеларии, а понекогаша сред...
„Син ми е бодибилдер на 14 години и држи строга диета – ме критикуваат, но јас сум горда“ Мајка на 14-годишен бодибилдер се соочува со критики бидејќи го охрабрува син ѝ ...
„Зависна сум од солариум – ми се појавија чудни израстоци на кожата, но сепак одам секој ден“ Млада Британка за себе вели дека е зависна од солариум и оди секој ден по 30 мин...

Најчитани неделава