„Син ми лапнал два магнета, завршивме на ургентно – која беше опасноста?“
- Детали
- среда, 16 јули 2025
„Нашиот четиригодишен син изеде не еден, туку два магнети. Не истовремено... прво изел еден, а два часа подоцна си помислил: „Хмм... ај уште еден од тие“. За среќа, сам ни кажа“, ја започнува својата исповед Тејлор Калмус од САД, татко на 4 деца.

Dude Dad е онлајн псевдоним на Тејлор Калмус американски јутјуб креатор, комичар и татко кој стана влијателна фигура преку своите родителски видеа и забава базирана на случувањата во неговото семејство.
Има милиони следбеници на разни платформи со кои често споделува семејни моменти со сопругата Хејди и четирите деца.

Сега, Тејлор oткри дека семејно се соочиле со немил настан, кога еден од неговите синови на возраст од 4 години лапнал 2 магнета.

Тој ја споделува целата ситуација, како искуство за другите:
„Родителството е полно со изненадувања.
Оваа година, четврти јули (Денот на независноста на САД) го поминавме во Ургентен центар – не поради огномети, туку затоа што нашиот четиригодишен син изеде не еден, туку два магнети.
Не истовремено... прво изел еден, а два часа подоцна си помислил: „Хмм... ај уште еден од тие“. За среќа, му беше доволно интересно што сам ни кажа.

По брзо јавување во центарот за труења, ни потврдија дека мора да оди во болница.
Ни објаснија дека ако магнетите не се заедно, најверојатно ќе излезат сами, но треба да се внимава – особено да не се спојат додека се во телото.

На вториот ден, вториот магнет веќе се поместил и се придружил на првиот – токму на преминот од тенкото во дебело црево.
Стравот од два магнети е што можат да се спојат низ ѕидот на цревото, да го „штипнат“ и да предизвикаат сериозни компликации.
