Застрашувачки видеа: Се сруши патнички авион во Русија со 49 лица – надлежните стравуваат дека нема преживеани

Во авионската несреќа во која се случи денес во Русија, надлежните се сомневаат дека загинале сите лица во авионот, вклучително и пет деца. Причината за несреќата уште не е утврдена.

zastrashuvachki-videa-se-srushi-patnichki-avion-vo-rusija-so-49-lica-nadlezhnite-stravuvaat-deka-nema-prezhiveani01.jpg

Патнички авион во кој имало 49 лица денес (24.07) се сруши на источниот крај на Русија и надлежните стравуваат дека нема преживеани.

Авионот на авиокомпанијата Angara Airlines патувал кон гратче лоцирано на границата со Кина.

Како што се приближувал до дестинацијата, авионот исчезнал од радарот, а контролорите изгубиле контакт со пилотите. Според некои извори, авионот пробал и да слета пред да исчезне, но безуспешно.

Набрзо потоа, биле лоцирани делови од срушениот авион и според првичната истрага направена од воздух, немало преживеани.

Сепак, надлежните не губат надеж дека можеби ќе бидат најдени преживеани со потемелната истрага на земјата.

Неколку руски медиуми споделија и видеа од несреќата, на кои се гледа како темен чад се издига од густа шума.

Според последните информации, во авионот имало 43 патници, меѓу кои и пет деца. Екипажот, пак, броел шест членови.

Причината за несреќата уште не е утврдена, но можно е да биде и човечка грешка, и технички проблем.

Авионот што се срушил бил модел кој бил познат по својата издржливост и кој често се користел за патувања до далечни области на Русија и Централна Азија.

На Твитер се споделуваат и други фотографии и видеа на кои се гледаат делови од скршениот авион, но и хеликоптери кои се упатени кон местото на несреќата.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Потресни сведоштва од терористичкиот напад во Сиднеј: „Стрелаа и кон деца, беше вистински масакр“ „Прво мислев дека мажот носи патерици, ми беше жал за него. Но, тогаш ја извади ...
Тинејџер од Русија си ја пиел крвта и завршил во болница - сакал да си ја лекува анемијата, „советот... 17-годишно момче од Русија пробало да си ја лекува анемија пиејќи ја својата крв...
„Ги отпишавме децата од училиште за да патуваме низ светот – нè критикуваат, но овој начин на живот ... Пар од САД одлучил да го прекине формалното образование на своите деца за време ...
Потресни сведоштва од несреќата со возови во Шпанија: „Гледав како луѓето умираат, а јас не можев да... „Мојот сопруг виде детенце кое умре во возот. Друго детенце ја бараше мајка си. ...
Зошто бившиот сопруг сè уште ја посетува Андреа Јејтс, 25 години откако таа ги удави нивните 5 деца ... На 20 јуни 2001 година, домаќинката Андреа повикала полиција и признала пред пол...
8 години беше љубовница на оженет маж со три деца, па му роди ќерка - Бурниот љубовен живот на Лаура... Иако важи за една од миленичките на италијанската музичка сцена, жена која е и п...

Најчитани неделава