Детали за мистериозната смрт на млада дизајнерка: Била најдена на јахта, гол маж викал и барал помош
Очевидецот подоцна изјави дека не знаел која е Марта и првпат ја видел тогаш.
Изворите на Daily Mail откриваат дека во кабината на јахтата била најдена материја како бел прав што се претпоставува дека е дрога.
Објавена е и фотографија на која се гледа бел прав на едно од седиштата на јахтата.
Бидејќи полицијата не воочила знаци на насилство, засега главната теорија е дека Марта се предозирала.
Сепак, мора да се почека токсиколошката анализа, што според надлежните може да потрае и три месеци.
Кога се случила трагедијата, дечкото на Марта бил на деловно патување и засега одбива да дава изјави.
Не е познато во каков однос биле Марта и милионерот, но се знае дека тој е вдовец – неговата сопруга починала ненадејно во 2018 година. Има две деца и живее на релација Њујорк – Флорида.
Насилството е ретка појава на местото каде што починала Марта.
Ова е област со луксузни куќи што често ја посетуваат инфлуенсери и славни личности, особено во летниот период.
Ова, заедно со фактот дека со аутопсијата не биле најдени знаци од насилство, ги тера надлежните да мислат дека причина за смртта сепак е предозирање.
Сепак, тие и не негираат дека можеби Марта е убиена бидејќи истрагата уште е во тек.
„Аутопсијата не покажа никакви знаци на насилство. Но, за да се утврди причината за смртта, потребно е истрагата да продолжи“, гласи изјавата надлежните.
Спирова С. | Црнобело