Детали за мистериозната смрт на млада дизајнерка: Била најдена на јахта, гол маж викал и барал помош
- Детали
- среда, 13 август 2025
Иако се претпоставува дека причина за смртта е предозирање, уште не се знае што точно ѝ се случило на 33-годишната дизајнерка која на почетокот на август беше најдена мртва на јахта на Лонг Ајленд. Таа била со милионер кој наводно вложил во нејзиниот бизнис.

На 5-ти август, дизајнерката Марта Нолан О’Слатара била пронајдена без свест на јахта во Лонг Ајленд, Њујорк.
Јахтата била закотвена на пристаништето и, како што кажуваат очевидците, слушнале викање, по што истрчале да помогнат.
Пробале да ѝ дадат прва помош на Марта, но 33-годишнaта дизајнерка починала на јахтата.
Се шпекулира дека дизајнерката починала од предозирање и дека немало знаци на насилство, но засега целиот случај е обвиен со мистерија.
Што знаеме за младата дизајнерка и што правела на јахтата кога починала?
Марта потекнува од Ирска, а се преселила во САД каде што го основала својот бренд за костими за капење East x East.
Во 2018 година се преселила во Њујорк и била доста успешна во својата сфера.
Марта била и во брак, но според последните информации, во април годинава го финализирала разводот.
По разводот почнала друга врска и според некои извори, планирала и да се венча со новиот дечко. Ноќта кога починала, нејзиниот партнер не бил на јахтата.
На 4-ти август, Марта отишла на јахтата на Лонг Ајленд која, како што открива Daily Mail, му припаѓала на милионерот Кристофер Дурнан.
60-годишниот милионер имал и уште една јахта која била закотвена на истото пристаниште, а бил доста познат во тамошниот клуб на сопственици на јахти.
Наводно, тој вложил значителна сума во брендот на Марта и се претпоставува дека токму тоа била причината за нивната средба.
Но, кратко по полноќ, се случила трагедија.
Според очевидците кои пристигнале први, тие спиеле во соседна јахта кога почнале да слушаат викање.
„Бевме цврсто заспани. Тогаш слушнавме викање, како нешто тропа на нашата јахта. Видовме дека маж фрла кремови за сончање кон нашата јахта и пробува да нè разбуди.
Трчаше наоколу, гол, викајќи ’Направете нешто!‘“, велат очевидците кои побарале да останат анонимни.
Очевидецот вели дека веднаш повикале брза помош и отишле на јахтата на милионерот каде што ја затекнале Марта без свест.
Според изјавата на полицијата, очевидците пробале да ѝ дадат прва помош уште пред да пристигнат медицинските лица, но безуспешно и Марта починала речиси веднаш.