Поранешна претставничка на Мис Универзум од Русија загина во сообраќајка, 4 месеци по свадбата – со сопругот удриле во елен

„На патот скокна елен и удри во нашиот автомобил. Немав време да направам ништо. Еленот влета во автомобилот и ја удри сопругата во главата. Имаше крв насекаде“, изјави сопругот на Ксенија Александрова, моделот што ја претставуваше Русија на Мис универзум во 2017-та. Ксенија поминала цел месец во кома, пред да им подлегне на повредите.

poraneshna-pretstavnichka-na-mis-univerzum-od-rusija-zagina-vo-soobrakjajka-4-meseci-po-svadbata-so-soprugot01.jpg

Поранешната претставничка на Русија на Мис универзум загина во сообраќајна несреќа, само четири месеци по свадбата со сопругот.

30-годишната Ксенија Александрова, која ја претставуваше Русија во 2017 година, била во автомобилот со нејзиниот сопруг. Тој бил зад воланот, кога во нивниот автомобил удрил елен.

poraneshna-pretstavnichka-na-mis-univerzum-od-rusija-zagina-vo-soobrakjajka-4-meseci-po-svadbata-so-soprugot-06.JPG

Ви инцидентот, кој се случил на 5-ти јули, Ксенија се здобила со сериозни повреди на главата и повеќе од еден месец, лекарите пробувале да ја спасат.

За жал, на 12-ти август им подлегнала на повредите, а веста за нејзината смрт ја потврди нејзината модна агенција.

„Со длабока тага соопштуваме дека нашата колешка и пријателка, моделот Ксенија Александрова, почина синоќа. Ксенија беше талентирана и особено интелигентна.

Знаеше како да инспирира, да поддржува и да им помага на сите околу неа. За нас, засекогаш ќе остане симбол за убавина, добрина и внатрешна сила.

Искрено тагуваме и го искажуваме нашето сочувство до нејзиното семејство, нејзините пријатели и сите кои имале чест да ја познаваат“, стои во објавата од 13-ти август.

Според руските медиуми, нејзиниот сопруг немал време да реагира за време на несреќата, бидејќи еленот одеднаш скокнал пред автомобилот.

„Еленот скокна од никаде, пред автомобилот. Од моментот кога скокна пред нас, додека удри во автомобилот, не помина ни една секунда. Немав време да направам ништо.

Еленот влета во автомобилот и ја удри Ксенија во главата. Беше без свест, сè беше покриено со крв“, гласи изјавата на нејзиниот сопруг.

poraneshna-pretstavnichka-na-mis-univerzum-od-rusija-zagina-vo-soobrakjajka-4-meseci-po-svadbata-so-soprugot-03.JPG

Тој додава и дека на автопатот застанале неколку возачи за да им помогнат, а по околу 15-тина минути пристанал и екипа на брза помош.

Ксенија веднаш била пренесена во болница во Москва, каде лекарите цел месец се бореле за нејзиниот живот.

Таа постојано била во кома, пред да им подлегне на повредите.

poraneshna-pretstavnichka-na-mis-univerzum-od-rusija-zagina-vo-soobrakjajka-4-meseci-po-svadbata-so-soprugot-07.JPG

Само четири месеци пред трагедијата, Ксенија и сопругот стапиле во брак.

Според објавите на моделот, тие се венчале на 22-ри март годинава.

poraneshna-pretstavnichka-na-mis-univerzum-od-rusija-zagina-vo-soobrakjajka-4-meseci-po-svadbata-so-soprugot-02.JPG

Покрај работата како модел и претставувањето на Мис Универзум, Ксенија имала дипломирано и психологија.

Го завршила факултетот во 2022-ра и веќе работела како психолог.

poraneshna-pretstavnichka-na-mis-univerzum-od-rusija-zagina-vo-soobrakjajka-4-meseci-po-svadbata-so-soprugot-04.JPG

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вториот сопруг ѝ загина, фати двајца сопрузи во неверство - Бурниот љубовен живот на Каролина од Мон... Првпат се омажи на 21 година со познат плејбој, а родителите се противеа на тој ...
„Се вљубив во воин од племе во Кенија – ги оставив сопругот и децата за него, но направив огромна гр... Додека била на одмор во Кенија, жена од Англија се вљубила во воин од племето Ма...
Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
„Домот ми беше толку расфрлан и валкан, што имав и стаорци – 16 години немав фрлено буквално ништо“ „Го чувам секое парче облека што сум го купила или добила, дури и оние што не ги...
Се огласи девојката која беше најдена со скршени раце и нозе во Дубаи: „Ме нападнаа богаташи, ми се ... „Во собата имаше алкохол и дрога и ме тераа да им се придружам. Им реков дека не...
Сите љубовници на Адолф Хитлер - Бирал двојно помлади девојки, една му родила син, внуката се убила ... Приказната за љубовта на Адолф Хитлер и Ева Браун е позната на сите, но малкумин...

Најчитани неделава