Татко му бил криминалец, му се закануваат 10 години затвор: Кој е скандалозниот вонбрачен син на норвешката принцеза?
Минатата година, Мариус беше пријавен за семејно насилство, по што започна темелна истрага. Истрага резултираше со неколку обвиненија за сексуален напад, поседување дрога, насилство…
Мариус е обвинет и за снимање на гениталиите на неговите жртви без нивно знаење.
Обвинет е за силување четири жени додека спиеле, како и за физичко и психолошко насилство врз неговата поранешна девојка.
Во јануари ќе започне 6-неделно судење за Мариус и му се заканува затворска казна до десет години.
Надлежните велат дека имаат докази дека за вината на Мариус, како и дека тој соработувал со нив додека траела истрагата.
По скандалот што изби минатата година, Мариус изјави дека страдал од сериозни проблеми со менталното здравје, како и од зависност од дрога.
Во својата изјава, призна дека бил насилен кон тогашната девојка и сакаше да ѝ се извини.
„Минатиот викенд се случи нешто што не требаше да се случи. Повредив една личност и уништував предмети во станот по расправа, додека бев под дејство на алкохол и кокаин.
Имам сериозни проблеми со менталното здравје, што значи дека за време на детството и како возрасна личност, имав и уште имам предизвици.
Долго време се борам со зависност од супстанции, нешто за коешто во минатото сум одел и на третман. Користењето дрога и моите дијагнози не го оправдуваат она што се случи минатиот викенд.
Сакам да преземам одговорност за она што го направив… За мене, најважното нешто е да ѝ се извинам на мојата девојка. Таа не го заслужи она што ѝ се случи таа ноќ“.
По апсењето, Мариус наводно отишол во клиника за рехабилитација во Лондон, а извесен период потоа беше забележена и во Копенхаген.
Но, во септември 2024-та, Мариус повторно беше уапсен за уште едно, петто силување, па почнала истрага и за тој случај.
За јавноста не е познато дали силувањето се случило тогаш, кога било пријавено, или порано, пред првото апсење.
Мариус не бил задржан во притвор, но го ослободиле со рестрикции, како забрана за контакт на одредени личности и движење на одредени места.
Сега го чека судењето кое е закажано за јануари следната година.
Спирова С. | Црнобело