Татко му бил криминалец, му се закануваат 10 години затвор: Кој е скандалозниот вонбрачен син на норвешката принцеза?
- Детали
- среда, 20 август 2025
Вонбрачниот син на норвешката принцеза може да добие и 10-годишна казна затвор за пет силувања, физичко и психичко малтретирање, но и низа други, помали прекршоци. Татко му бил криминалец кој бил во затвор кога се родил, а и на 28 години, синот на принцезата не сакал да работи и живеел на грбот на норвешкото семејство.

Ретко кој ги знае членовите на норвешкото кралско семејство.
Но сега, во фокусот на јавноста е вонбрачниот син на принцезата Мете-Марит, сопруга на принцот кој ќе го наследи норвешкиот трон.
Нејзиниот син нема никаква кралска титула, туку се истакнува со проблематичното однесување.
28-годишниот Мариус Борг Хојби ќе треба да одговара за 32 криминални дела, вклучувајќи силување и семејно насилство.
Иако норвешкото кралско семејство пробува да се дистанцира од него, голема е веројатноста дека поради неговите скандали, ќе настрада и нивната репутација.
Кој е проблематичниот син на норвешката принцеза и за што сè е обвинет?
Мариус Борг е роден во 1997 година во Осло, а неговите родители никогаш не биле во врска.
Мајка му Мете-Марит тогаш работела како келнерка, додека татко му, Мортен Борг, бил осудуван криминалец.
Наводно, тие се сретнале само еднаш, по што норвешката принцеза останала бремена.
Тој период таа била во врска со друг маж кој исто како татко му на Мариус бил осуденик.
Тогашниот дечко на принцезата бил 15 години постар од неа, бил невработен и живееле од социјална помош.
Според некои извори, кога дознал дека принцезата е бремена од друг маж, со нож ја бркал по улица, по што се разделиле.
Мете-Марит ја поминала бременоста во област во близина на Осло каде што живееле сиромашни луѓе.
Овде принцезата била позната како „девојка која сака да се забавува“ и која имала врски со неколку криминалци.
Кога Мариус се родил, неговиот татко бил во затвор за насилство и трговија со дрога, па детството го поминал без воопшто да го види.
Веднаш по неговото раѓање, мајка му решила дека е време да се преселат во нејзиниот роден град, со цел да му овозможи подобар живот.
Овде Мете-Марит си нашла нов партнер, локален диџеј, па тој ѝ помогнал во одгледувањето на синот. Па, на некој начин, тој му бил како татковска фигура.
Но, мајка му се разделила од диџејот во 1999-та, а истата година го запознала и норвешкиот принц.
Откако почнала врска со него, принцезата и син ѝ се преселиле во Осло, но судбината на Мариус како да била одредена уште на почетокот.
Како син на криминалец, норвешките медиуми пишувале дека тој е „срам за норвешкото семејство“.
Покрај тоа, кога Мете-Марит останала бремена од принцот, сите велеле дека Мариус ќе биде „вишок“ во семејството.
„Многу ми е жал за нејзиниот син. Кога принцезата и принцот ќе добијат дете, Мариус ќе биде ништо.
Има шест години, но сигурно ќе сфати дека има разлика. Ова ќе им создаде проблеми“, има изјавено сестрата на норвешкиот принц.
Иако норвешката принцеза успеала да му обезбеди удобен живот на син ѝ, како што растел, се покажало дека тој е проблематична личност.
По завршувањето на средно во 2016-та, Мариус се запишал на бизнис училиште во САД, но се отпишал по само неколку месеци.
Откако се вратил во Норвешка, променил неколку работни места, но на крај сепак не работел ништо. Или, како што имаат пишувано норвешките медиуми:
„Нема ниту работа, ниту образование, но патува низ светот како некој ’плејбој‘“.
Подоцна се откри дека неговата мајка му ги покривала сите трошоци – нешто што наиде на критики од јавноста.
Мариус никогаш не добил титула од кралското семејство, но во детството и тинејџерските години, сепак се појавуваше на кралски настани.
Но, откако почнаа неговите проблеми со законот, кралското семејство пробува да се дистанцира од него.
Иако пораснал со другите две деца на мајка му, кои имаат титули принц и принцеза, сега живеел во одделна куќа.