Ќерката на контроверзниот крал на Тајланд 3 години е во кома: Ја одржуваат во живот со машини, требаше да го наследи тронот
„Кралските извори велат дека е мала веројатноста принцезата некогаш да заздрави. Но, може да биде одржувана во живот со машини со недели, дури и месеци, додека кралското семејство да одлучи што ќе прави следно“.
Според тогашните информации, нејзината состојба била голем удар за монархијата бидејќи се очекувало таа го наследи тронот.
Иако се шпекулира дека кралот ги фаворизирал неговите синови, самиот има избркано четири свои машки деца откако ја обвини мајка им за неверство.
Принцезата Ба има уште еден полубрат, но тој имал аутизам, па наводно не би бил во состојба да владее сам.
Оттогаш кралското семејство нема откриено какви им се плановите за идниот наследник, ниту дали има надеж состојбата на принцезата да се подобри.
Нејзиниот татко, пак, важи за мошне контроверзен владетел, а го наследи тронот во 2016 година.
Официјално беше крунисан во 2019-та со церемонија која траеше повеќе од шест часа. Само неколку денови пред да биде крунисан, кралот неочекувано се венча со неговата девојка која денес ја носи титулата кралица.
Во 2020-та, пак, се соочи со критики откако почна да се шпекулира дека голем дел од пандемијата поминал во хотел во Германија каде организирал секс забави.
Според вработен во хотелот, на целиот персонал му бил забранет пристап на четвртиот кат каде што отседнувал кралот.
Но, како што спомнавме, во Тајланд никој не смее да го критикува кралското семејство бидејќи му се заканува 15-годишна казна затвор.
Веројатно и затоа никој не се осмелува да открие некој детаљ повеќе за состојбата на принцезата и плановите на кралот за неа.
Спирова С. | Црнобело