„Се преселив во Дубаи, но што не ми се допаѓа од животот тука?“
- Детали
- четврток, 28 август 2025
Елби Хеншо од Велика Британија открива дека луксузниот град не е само забава и гламур и дека реалноста е таква што е принудена е да работи две работи, шест дена во неделата за да ги покрие високите трошоци за живот. Таа споделува колку илјади евра месечно се доволно за добар живот...

Елби Хеншо од Велика Британија на 23 години одлучила да се пресели од својата родна земја во сончевиот и модерен рај Дубаи.
Но, таа не очекувала дека нејзиниот нов живот во Дубаи ќе ја натера да работи две работи и да копнее по удобноста на британските пабови.

Таа вели дека луксузниот град не е само забава и гламур и дека реалноста е таква што е принудена е да работи шест дена во неделата за да ги покрие високите трошоци за живот.

Елби се преселила во Дубаи во јануари, откако била на одмор таму.
Како личен тренер од Лондон, се преселила во Дубаи со финансиска помош од родителите и нашла работа со полно работно време во теретана.

Осум месеци подоцна, таа е веќе прилагодена и напредува во градот, но признава дека не била подготвена за екстремно високите трошоци на животот таму.
Вели дека јогурт ја чини 14 евра, а кафе започнува од 8 евра, па нагоре, опишувајќи го Дубаи како „општество на борба за опстанок“, каде што луѓето мора да имаат и дополнителна работа за да преживеат.

Исто така, се жали дека е тешко да најдеш пријатели во толку интензивна околина.
„Работам со полно работно време, но тешко е да не ги потрошиш сите пари – требаат околу 6 илјади евра месечно за удобно да се живее овде.
Но лесно се наоѓа дополнителна работа. Исто така не плаќаме данок, што е предност, но трошоците за живот се толку високи што излегува исто како во Велика Британија.
Но овде имаш сонце и многу подобар начин на живот – иако ми недостигаат пабовите...“

