„Се преселив во Дубаи, но што не ми се допаѓа од животот тука?“
Елби живее во заеднички стан со две други млади жени.
Бидејќи се преселила сама, првите месеци ѝ биле тешки додека ги среди документите и отвори банкарски сметки.

Брзо сфатила дека животот таму е „брз и непрекинат“ – луѓето често работат многу часови неделно за да можат да си го дозволат скапиот стил на живот што го обожуваат и славни личности.
„Се трудам да работам што е можно повеќе за да можам да уживам во животот тука – има многу групи и апликации за викенд работа“.

За Елби позитивно е што има многу работи за правење во градот – од луксузни ресторани до шопинг.
Елби вели дека ја сака чистотата во Дубаи и вели „сè е беспрекорно чисто“.
Во слободно време оди на прошетки низ климатизирани трговски центари и во луксузни кино сали.

Посетува базени, клубови на плажа, но вели дека животот таму може да биде тежок затоа што не постои „чувство на заедница“ и тоа ѝ отежнува наоѓање партнер, без користење на апликации.
Елби вели:
„Многу е тешко да запознаеш момци, бидејќи нема спонтани средби.
Mора да закажеш сè однапред.
И тешко е за состаноци затоа што сите се постојано зафатени – не успеваат да најдат време.
Го сакам Дубаи и покрај сè, но не можам да си замислам дека ќе запознаам некој тука и ќе стане нешто сериозно.
Луѓето што доаѓаат овде обично веќе имаат партнер или семејство, а оние што се сами не бараат нешто сериозно.
Можам да се замислам како градам живот тука, но ако до 27 години не сум во врска, ќе се вратам во Велика Британија затоа што сакам да основам семејство...“

С. С. | Црнобело
