Маж си ја лажирал смртта за да избега со љубовницата: Ги оставил сопругата и 3-те деца, го барале со месеци
Рајан поднел барање за нов пасош, тврдејќи дека го изгубил или му бил украден. Сепак, неговата сопруга го нашла во нивниот сеф, со што се потврдиле неговите намери.
Рајан отворил нова банкарска сметка, избришал сè од неговиот компјутер, а потпишал и договор за животно осигурување.
Откако заминал од дома и ја „наместил“ сцената со кајакот, Рајан со мотоцикл отишол кон градот Медисон, а оттаму фатил воз за Детроит.
Одовде отишол во Канада, па со авион стигнал до Торонто.
Од Канада фатил авион до Париз каде поминал неколку денови во хотел со новата девојка. Оттаму отишле во Грузија каде што наводно планирале да живеат.
Надлежните успеале да му ја најдат трагата во ноември минатата година и некако го убедиле да се врати во САД.
Во декември, тој се вратил и самиот ѝ се предал на полицијата.
На испрашувањето, Рајан кажал дека си ја лажирал смртта од „лични причини“, како и дека искрено верувал дека полицијата ќе се откаже од потрагата по некое време.
Четири месеци откако Рајан се вратил во САД, сопругата поднела барање за развод, ставајќи крај на бракот по 22 години.
Неодамна, пак, на Рајан му беше изречена и пресудата – ќе помине 89 денови во затвор а ќе треба да плати и казна од 30.000 долари за ресурсите што биле потрошени за непотребната потрага по неговото тело.
На судењето, Рајан изјавил дека жалел за своите постапки и за болката што му ја предизвикал на семејството.
Спирова С. | Црнобело