Маж си ја лажирал смртта за да избега со љубовницата: Ги оставил сопругата и 3-те деца, го барале со месеци
- Детали
- петок, 29 август 2025
Минатото лето, Американец си ја лажирал смртта за да може да избега со неговата љубовница во Грузија. Ги натерал сопругата и надлежните да веруваат дека се удавил, па тие трагале по него скоро три месеци. На крај бил фатен и неодамна му беше изречена казна, а сопругата веќе поднела барање за развод.

Многу луѓе си ја лажирале смртта, или барем се обиделе. Обично во ваквите приказни, причината се долгови или страв за својата безбедност.
Но, маж од Висконсин, САД, решил да ги напушти сопругата и децата и да си ја лажира смртта, само за да избега во Европа со неговата љубовница.
45-годишниот Рајан Боргварт бил пријавен за исчезнат на 12-ти август 2024 година. На сопругата и трите деца им кажал дека ќе оди на кајакарење, но престанал да ги контактира.
Откако загрижената сопруга го пријавила за исчезнат, надежните ја пребарале областа каде што кажал дека ќе оди. И, нашле превртен кајак и елек за спасување, па претпоставиле дека Рајан се удавил.
Веднаш била започната потрага по неговото тело која траела скоро осум недели.
Покрај спасувачите, во потрагата се вклучиле и многу луѓе кои живееле во областа, а за целата операција биле потрошени најмалку 50.000 долари.
Но, 54 дена откако почнала потрагата, надлежните откриле дека Рајан се допишувал со жена од Узбекистан. Па, почнале да се сомневаат дека воопшто не се удавил, туку си ја лажирал смртта со цел да побегне со неа.
Притоа, се подготвил навистина добро за целата измама.
„Редовно комуницирал со жената (пред да исчезне), ѝ изјавувал љубов и ѝ кажал дека сака да изгради нов живот со неа“, открија надлежните.
По раѓањето на трите деца со сопругата, Рајан направил вазектомија. Но, пред да си ја лажира смртта, направил операција за да ја отстрани, односно повторно да може да има деца.