Убиецот на Украинката во САД потекнувал од семејство криминалци: Брат му е во затвор за убиство, татко му бил апсен неколкупати
- Детали
- вторник, 16 септември 2025
Мажот кој ја уби 23-годишната Украинка во воз во САД потекнувал од семејство криминалци - татко му и сестра му неколкупати биле апсени за кражби, додека брат му моментално е во затвор за убиство.

На 22-ри август, млада Украинка беше ладнокрвно убиена во воз додека одела кон дома од работа, а грозоморниот случај предизвика лавина реакции не само во САД, туку и низ целиот свет.
Иако убиецот веднаш бил идентификуван и фатен, јавноста стана свесна за случајот дури пред недела-две, откако почнаа да се споделуваат снимки од безбедносните камери во возот.
Набрзо потоа се дозна и дека убиецот имал сериозни проблеми со менталното здравје, вклучувајќи и шизофренија, и воопшто не бил личност која треба да биде на слобода.
За различни американски медиуми, изјави дадоа неговата мајка и неговата сестра, но изгледа и неговото семејство имало низа проблеми со законот.
Криминалната историја на семејството на убиецот – Декарлос Браун Џуниор – беше откриена преку судски извештаи, како и правни документи.
Според неколку странски медиуми, како Daily Mail, The Post и Fox News, овие извештаи и документи биле доказ дека семејството на Декарлос сепак има историја со криминал.
Најпрво, братот на Декралос, Стејси, убил повозрасен маж во 2012 година. На судењето во 2014-та признал вина за убиство, но и за неколку обвиненија, како вооружен грабеж и обид за убиство.
На крај добил затворска казна во траење од 27 до 36 години.
Откако бил затворен, пак, направил неколку прекршоци во затворот, вклучувајќи напад на друг затвореник, подметнување пожар и кражба.
33-годишната сестра на Декарлос даде изјава за брат ѝ и меѓу првите кажа дека имал шизофренија.
Но, и таа имала свое криминално досие.