„Полицијата не можеше да го фати убиецот и силувачот на тетка ми – го заведов на Фејсбук и сега е зад решетки“
- Детали
- петок, 25 јули 2025
Жена од Британија решила да ја преземе правдата во свои раце, откако полицијата не можела да го фати мажот што ја силувал и убил тетка ѝ. Штом го нашла на Фејсбук, почнала да флертува со него, за на крај да ја дознае неговата локација и да помогне во неговото апсење.

Во 2014 година, Британката Кристин Робинсон, која живеела на своја фарма во Јужна Африка, била силувана и убиена од страна на нејзиниот градинар.
Кристин, која потекнувала од Ливерпул, и сопругот се преселиле на фарма во Јужна Африка каде што сакале да ги поминат пензионерските денови.
Откако нејзиниот сопруг Даниел починал од рак, таа сама продолжила да се грижи за фармата.
Според нејзиното семејство, воопшто не била загрижена за својата безбедност бидејќи на фармата имало вработени, но и капацитет за 30 гости. Што значи, таа никогаш не била потполно сама.
Но, градинарот на којшто му верувала, брутално ја убил, а потоа украл околу 4.000 евра и побегнал.
Кристин имала внука, Лехан Сергисон, која живеела во Англија и со која се слушала по телефон најмалку еднаш неделно.
Кога внуката дознала за убиството на тетка ѝ, била сигурна дека полицијата ќе го фати убиецот.
Но, како што минувало времето, сфатила дека полицијата можеби и нема да успее, па решила да го преземе случајот во свои раце.
Идентитетот на убиецот ѝ бил познат на полицијата, но бидејќи утврдиле дека се вратил во неговата родна земја – Зимбабве – само ѝ кажале на Лехан дека сега веќе не можат да допрат до него.
„Кога слушнав за убиството на Кристин, низ телото како да ми помина електрична струја. Отсекогаш сме биле блиски.
Убиството беше брутална, трауматична смрт за прекрасна и дарежлива жена“, вели Лехан.
Бидејќи ѝ било јасно дека не може да оди во Африка и таму да го бара убиецот, решила да го искористи единственото „оружје“ што го има – интернетот. И, успеала да му го најде профилот на Фејсбук.
„Имаше активен живот. Си коментираше на Фејсбук страници за состанување, а ова ме загрижи. Па, си помислив, штом бара девојка, можеби ќе можам да го намамам“.
Лехан веднаш направила лажен Фејсбук профил и му пратила флертувачка порака. Лехан е во брак и додава дека имала поддршка од сопругот.
„Како што ја пратив пораката, почнав да паничам. Кога ми одговори, едвај дишев. Сопругот беше изненаден што ми одговори, но ми рече дека е важно да продолжам со разговорот“.