„Со бившиот сопруг освоиме 2 милиони евра на лото – заглавивме во долгови, ги плаќавме 10 години“
- Детали
- недела, 28 септември 2025
Лара од Англија и поранешниот сопруг освоиле околу 2 милиони евра на лотарија. Но, наместо парите да им го олеснат животот, тие почнале да се задолжуваат сè повеќе и повеќе, за на крај да останат без ништо, но и да се разведат.

Многу луѓе веруваат дека ако добијат голема сума пари на лотарија, ќе можат да решат многу проблеми во животот.
И, некои и ја доживуваат оваа реалност и големата добивка навистина им го менува животот на подобро.
Но, од друга страна, има бројни случаи каде големата добивка била повеќе проклетство отколку благослов.
Лара Грифитс од Англија и нејзиниот поранешен сопруг Роџер во 2005 година освоиле 1,8 милион фунти (околу 2 милиони евра).

Но, наместо да им помогнат, парите ги оддалечиле еден од друг, а денес не им останало ништо.
Денес Лара работи како тату артистка, не зборува со поранешниот сопруг, а вели дека поради парите, заглавила и во долгови кои ги исплаќала цела деценија.

За The Sun, Лара го споделува мигот кога со Роџер дознале дека освоиле на лото.
„Роџер уплати. За викендот отидовме настрана и заборавивме. Ова беше пред да постојат апликации, па проверувавме на интернет.
Кога се вративме и кога го проверивме нашиот профил на веб-сајтот на лотаријата, видовме дека има сума од 1,8 милиони фунти. Прво помислив дека е шега“.

Лара и Роџер се јавиле во лотарија и дури тогаш поверувале дека навистина ги освоиле парите.
„Нормално, имаше и поголеми добивки, но и ние сепак освоивме голема сума. Тогаш имав 35 години и работев како наставничка.
Нашата ќерка имаше 20 месеци и бевме во брак осум години. Знаевме дека парите ќе ни го променат животот“.

Но, Лара и Роџер не постапиле најпаметно со парите. Најпрво Лара си купила Rolex часовник од 10.000 евра, а потоа најмиле финансиски советник. Сепак, тој не им дал некој конкретен совет.
Неколку месеци подоцна, почнале да се јавуваат и проблеми во нивниот брак.
„Не се согласувавме за ниту една финансиска одлука. Дотогаш јас заработував најмногу и сметав дека треба да тргнеме дел од парите за трошење, да го исплатиме кредитот за куќата, а другите да ги инвестираме“.

