„Со бившиот сопруг освоиме 2 милиони евра на лото – заглавивме во долгови, ги плаќавме 10 години“

Со сопругот решиле да отворат спа-центар, но за ова извадиле кредит. Се контролирате со трошењето и единствениот луксуз бил тоа што ги запишале ќерките во приватно училиште. Но, почнале да вадат и други, поголеми кредити, па долгот само им растел.

„Не се расфрлавме со пари. Еднаш отидовме во Дубаи на десет дена, а потоа бевме во Њујорк и на Мајорка, но ништо раскошно.

Планирав да се вратам на работа, но останав бремена со второто дете. Па, решив да купам бизнис и да го работам тоа“.

so-bivshiot-soprug-osvoime-2-milioni-evra-na-loto-zaglavivme-vo-dolgovi-gi-plakjavme-10-godini-06.jpg

Лара почнала и бизнис со препродавање ретки дизајнерски чанти, а купувале и недвижнина. Но, во 2010 година им изгорел домот и им требале девет месеци за да ја поправат штетата.

Штом завршиле со реновирањето, Роџер ја напуштил Лара.

„Парите од лотаријата ни создадоа многу проблеми во врската, кои можеби не би излегле на виделина толку брзо. Постојано се расправавме. Јас сакав да правам други работи со парите. Не сакав долгови.

Ми изгледаше како да ги имаме сите овие пари, но сè повеќе да се задолжуваме. Мислам дека не требаше да бидеме заедно. Штом добивме пари, разликите меѓу нас се истакнаа“.

so-bivshiot-soprug-osvoime-2-milioni-evra-na-loto-zaglavivme-vo-dolgovi-gi-plakjavme-10-godini-12.jpg

Штом се разделиле, Лара сфатила дека сите пари од лотаријата се потрошени, но и дека нивниот долг бил навистина голем. Кога се соочила со Роџер, тој ја обвинил рецесијата и банкарската криза од тој период.

Роџер пробувал да се одбрани и на емисии во живо:

„Потрошивме можеби 250.000 фунти за забава. Другите пробавме да ги искористиме за неколку бизниси. Но, многу работи тргнаа на погрешно“.

so-bivshiot-soprug-osvoime-2-milioni-evra-na-loto-zaglavivme-vo-dolgovi-gi-plakjavme-10-godini-11.jpg

Роџер пробал да инвестира дел од парите, но бидејќи и имало криза изгубил голем дел.

Па, на Лара ѝ останало да пробува да се спаси како знае.

„Пробував да водам салон за убавина, а немаше никаков приход. За среќа мајка ми ми помогна да го одржам салонот во живот и да продадам сè друго.

На крај, ги продадов сите мои работи и се сеќавам како седев во куќата и мислев дека не можам да живеам таму, бидејќи не можам да го платам кредитот“.

so-bivshiot-soprug-osvoime-2-milioni-evra-na-loto-zaglavivme-vo-dolgovi-gi-plakjavme-10-godini-04.jpg

Постепено, Лара успеала да ги исплати долговите, а нашла и нов партнер со кого е среќна.

И покрај сите премрежја, Лара вели дека не жали за ништо во животот:

„Парите нема да ве направат среќни. Но, ви овозможуваат да правите работи што ќе ве направат посреќни. Не би променила ништо во мојот живот.

Мислам дека животот ми се промени поради парите, но не мислам дека ме променија како личност. Сега сум среќна и имам сè што ми треба“.

so-bivshiot-soprug-osvoime-2-milioni-evra-na-loto-zaglavivme-vo-dolgovi-gi-plakjavme-10-godini-02.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

„Домот ми беше толку расфрлан и валкан, што имав и стаорци – 16 години немав фрлено буквално ништо“ „Го чувам секое парче облека што сум го купила или добила, дури и оние што не ги...
„Се вљубив во воин од племе во Кенија – ги оставив сопругот и децата за него, но направив огромна гр... Додека била на одмор во Кенија, жена од Англија се вљубила во воин од племето Ма...
Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
Вториот сопруг ѝ загина, фати двајца сопрузи во неверство - Бурниот љубовен живот на Каролина од Мон... Првпат се омажи на 21 година со познат плејбој, а родителите се противеа на тој ...
Абортирала поради него, ја терал да спие со Ерос Рамацоти за да направи еротски фотки - Бурната љубо... Поранешниот сопруг, познат и како „крал на папараците“ во Италија, продавал нејз...
„Луѓе ми плаќаат 5.000€ да се појавам на нивниот погреб за да откријам мрачни тајни или да пренесам ... „Во името на една старица пред ужалените кажав дека таа не му е мајка на нејзини...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg