„Јас сум жена - трофеј за мојот свршеник милионер - приоритет му е работата, но вреди за луксузот“
- Детали
- вторник, 23 септември 2025
„Добриот изглед сам по себе нема да те задржи покрај партнерот милионер. Тој секогаш може да најде друга убава девојка. Тоа што навистина ќе те направи незаменлива е нешто друго...“, вели Вилма Ларсон (26) по потекло од Кипар.

Вилма Ларсон (26) по потекло од Кипар вели дека уште на 16 години знаела дека еден ден ќе стане жена – трофеј, а сега, десет години подоцна, е свршена за милионер.

Партнерот ја запроси на почетокот од месец август и вели дека веќе нема да мора да се грижи за плаќање на сметките, бидејќи нејзиниот свршеник ги покрива сите трошоци.
Вилма, која сега живее во стил на принцеза, неодамна јавно сподели каков ѝ е животот сега кога е во врска со богат човек.
Таа себеси самата се опишува како „целосно разгалена жена - трофеј на обука“ и откри дека првично ѝ било тешко да го прифати фактот дека нејзиниот партнер има други приоритети, а не само неа.

„Неговиот фокус секогаш ќе биде на неговата работа, а тоа е заради заработувањето пари.
Но, тоа е и она што му дозволува да ме разгалува на начини, кои не би биле можни ако јас бев негов главен фокус“, сподели таа.

Како и да е, Вилма откри и дека оваа врска носи осуда од други луѓе.
„Луѓето ќе имаат мислења за работи за кои не треба да имаат, но исто така научив дека не е важно што правиш во животот.
Ако си среќен со нешто, луѓето ќе најдат начин да те потценат...“

Вилма вели дека богатите мажи обично бараат некоја жена со „женствена енергија“.
Таа додава дека тие сакаат некој покрај себе некоја што нема да им биде конкурент, но тоа не значи дека не можеш да имаш свои соништа или цели. Тоа едноставно значи дека тој работи толку напорно, што ти не мора да работиш и тоа е целта, според неа.

