„Јас сум мајка на 4 деца и чувствував дека не треба да носам секси облека, но моето мислење се промени“
- Детали
- сабота, 27 септември 2025
„Јас некогаш чувствував дека како мајка на четири деца не треба да носам секси облека. Но, моето размислување се промени целосно сега. Само затоа што сум мајка не значи дека не можам да изгледам или да се чувствувам секси“, вели Чери Блум (43) од Шкотска.

Чери Блум (43) од Шкотска е мајка на 4 деца која е мета на осуда затоа што го замени своето работно место во здравствениот сектор со работа на сајтови за возрасни, кога сфатила дека нејзината стара работа не е доволна за да обезбеди кров над главата и услови за живот на нејзиното семејство.

Чери, која има повеќе од 100.000 следбеници на Инстаграм признава дека ужива во покажувањето на своите облини и смета дека повеќето мајки не изгледаат ниту блиску сексапилно како неа.

За магазинот „TheSun“ вели:
„Јас некогаш чувствував дека како мајка на четири деца не треба да носам секси облека.
Но, моето размислување се промени целосно сега.

Само затоа што сум мајка не значи дека не можам да изгледам или да се чувствувам секси.
Се трудам да го одржувам своето тело и горда сум да го покажам.
Кога си мајка, уште си си жена...“

Чери додава дека каде и да оди, привлекува погледи, благодарение на нејзиниот изглед и сака да ги охрабри и другите жени да го прават истото, велејќи дека треба да се гордееме со тоа што го имаме.

С. С. | Црнобело
