Земјотрес од 6,9 степени на Филипини: Девојки панично бегаат од натпревар за убавина, деца загинале во спортска сала

Поради земјотресот на Филипини има 69 загинати и речиси 150 повредени, а надлежните стравуваат дека овие бројки ќе се зголемат. Под срушените згради уште имало луѓе, а спасувачите се во трка со времето за да ги извлечат.

zemjotres-od-6-9-stepeni-na-filipini-devojki-panichno-begaat-od-natprevar-za-ubavina-deca-zaginale-vo-sportska-sala-01.jpg

Изминативе неколку години, бројот на природни катастрофи како да се зголемува, но и интензитетот на бурите, поплавите, пожарите и земјотресите станува посилен.

Сето ова, експертите го припишуваат на климатските промени, кои во блиска иднина се очекува да станат уште посериозен проблем.

Последна земја која се соочи со катастрофа се Филипините – островската нација беше погодена од земјотрес со јачина од 6,9 степени според Рихтеровата скала.

Според досегашните информации, земјотресот се случи во вторникот, околу 22:00 часот по локално време, а најпогоден бил централниот дел на островот.

Најмалку 69 лица загинале, имало речиси 150 повредени, но овие броеви може и да растат.

Поради јачината од земјотресот, срушени се многу згради, па спасувачите велат дека сега мора да работат брзо за да ги извлечат оние кои се заробени под нив.

„Уште сме во ’златниот час‘ за барање и спасување. Има многу пријави за луѓе кои се заробени или удрени од урнатините“, изјавиле надлежните на прес-конференција.

Покрај срушените градби, земјотресот предизвикал и прекин на струја, а штетата уште се проценува.

Биле оштетени домови, но и болници, па многу од повредените треба да се транспортираат во други институции за да им биде пружена соодветна нега.

Многу луѓе се евакуирани и зависат од донации на храна и вода, додека на некои места почнале обилни врнежи од дожд што дополнително ја отежнале целата ситуација.

Al Jazeera пренесува дека неколку деца загинале додека играле кошарка во спортска сала која се срушила, додека CNN сподели и застрашувачко видео од натпревар за убавина кој се одржувал во мигот кога настанал земјотресот.

Филипини е лоцирана во Тихиот Океан, во регион познат како Огнениот Прстен каде земјотресите и вулканската активност се чести.

Иако потресите се речиси секојдневни, не се секогаш со голем интензитет, но изминативе неколку години имало низа слични катастрофи.

Во 2022 година земјата се соочи со земјотрес од 7 степени, додека во 2023 имаше уште еден силен потрес. Сепак, бројот на жртви и повредени беше значително помал од сега.

Повеќе фотографии и видеа од последниот земјотрес во продоложение:

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

11 луѓе со кои не сакаме да делиме ист воздух (а ги има многу и во Македонија) Дали сте биле сведок на сцена во Скопје каде тркалото од велосипедот останало за...
Во љубов е со милионер една глава понизок од неа - Зошто врската на манекенката Викторија Силвстед ј... Актерката, модел, пејачка и поранешна Плејбој зајачица, Викторија Силвстед (51),...
„Домот ми беше толку расфрлан и валкан, што имав и стаорци – 16 години немав фрлено буквално ништо“ „Го чувам секое парче облека што сум го купила или добила, дури и оние што не ги...
„Се вљубив во воин од племе во Кенија – ги оставив сопругот и децата за него, но направив огромна гр... Додека била на одмор во Кенија, жена од Англија се вљубила во воин од племето Ма...
„Луѓе ми плаќаат 5.000€ да се појавам на нивниот погреб за да откријам мрачни тајни или да пренесам ... „Во името на една старица пред ужалените кажав дека таа не му е мајка на нејзини...
Тинејџер од Русија си ја пиел крвта и завршил во болница - сакал да си ја лекува анемијата, „советот... 17-годишно момче од Русија пробало да си ја лекува анемија пиејќи ја својата крв...

Најчитани неделава