Јадела само овошје, имала само 22kg: Тажната приказна на девојка што почина од неисхранетост на Бали

Каролина од Полска целиот живот се борела со нарушувања во исхраната, за пред крајот на својот живот да почне да јаде само свежо овошје и ништо друго. И покрај молбите од блиските, одбивала медицинска помош и починала сама, во хотел на Бали, со тежина од едвај 22 килограми.

jadela-samo-ovoshje-imala-22kg-tazhnata-prikazna-na-devojka-shto-pochina-od-neishranetost-na-bali1.jpg

Сè повеќе луѓе се одлучуваат за вегетаријански или вегански начин на исхрана и според истражувањата, ова може да биде добро за здравјето.

Но, треба да земат предвид некои работи, како недостаток од одредени хранливи материи.

Додека начинот на исхрана на вегетаријанците не е толку рестриктивен, веганите не внесуваат апсолутно никаква храна од животинско потекло.

jadela-samo-ovoshje-imala-22kg-tazhnata-prikazna-na-devojka-shto-pochina-od-neishranetost-na-bali-08.jpg

Затоа, постои ризик да се соочат со недостаток од некои хранливи материи и треба да најдат начин да ги надополнат, најчесто преку суплементи.

Но, постојат луѓе кои од одат до екстреми, па од веганска исхрана, преминуваат на исхрана која вклучува само жива (сирова) храна од растително потекло.

Односно, не внесуваат ништо освен свежо овошје и зеленчук и јатки и семиња.

jadela-samo-ovoshje-imala-22kg-tazhnata-prikazna-na-devojka-shto-pochina-od-neishranetost-na-bali-10.jpg

Постои и уште еден, поголем екстрем – луѓе кои следат таканаречен фрутаријански начин на исхрана, односно не јадат ништо освен свежо овошје.

Ова, секако, е многу опасно и ниту еден експерт не го препорачува овој начин на исхрана.

За жал, луѓето не секогаш ги слушаат експертите и низ годините имало многу смртни случаи поврзани токму со овој начин на исхрана.

Таков е случајот со 27-годишна девојка од Полска, која кон крајот на минатата година, почина во хотелска соба на Бали од неисхранетост.

jadela-samo-ovoshje-imala-22kg-tazhnata-prikazna-na-devojka-shto-pochina-od-neishranetost-na-bali-16.jpg

Што знаеме за случајот што го потресе светот:

Каролина Кшижак од Полска почнаа да експериментира со фрутаријански начин на исхрана на само 19-годишна возраст.

Но, веќе подолг период не јадела ништо освен овошје, па почина во хотелска соба во Бали од неисхранетост.

Каролина имала само 22 килограми и била толку слаба, што веќе не можела да стои.

jadela-samo-ovoshje-imala-22kg-tazhnata-prikazna-na-devojka-shto-pochina-od-neishranetost-na-bali-03.jpg

На 8-ми декември 2024 година, Каролина изнајмила соба во ресортот Sumbekima Hill на Бали.

Кога ја правела резервацијата преку WhatsApp, нагласила дека нејзините оброци треба да се состојат само од овошје и побарала храната да ѝ ја носат во собата.

За вработените ова не било невообичаено, бидејќи многу од нивните гости барале вегански оброци.

Но, штом Каролина влегла во хотелот, вработените веднаш се загрижиле за неа.

jadela-samo-ovoshje-imala-22kg-tazhnata-prikazna-na-devojka-shto-pochina-od-neishranetost-na-bali-14.jpg

Според нивните изјави, Каролина изгледала преслабо, со пропаднати очи, и морале да ѝ помогнат да отиде во својата соба бидејќи движењето ѝ било отежнато.

Веднаш ја прашале дали да викнат лекар, но таа ги одбила. Истиот одговор го добиле и следниот ден.

Каролина не излегувала од собата, а немала ни посетители и единствено ја гледале вработените кои ѝ ја носеле храната.

Но, состојбата на девојката се влошувала и во една пригода дури викнала и вработен од хотелот да ѝ помогне да се сврти во креветот бидејќи самата не можела.

jadela-samo-ovoshje-imala-22kg-tazhnata-prikazna-na-devojka-shto-pochina-od-neishranetost-na-bali-15.jpg

Околу три дена подоцна, во хотелот се јавила сопственичка на вегански ресторан. Им кажала дека ја знаела Каролина и знаела дека е во хотелот, но се загрижила бидејќи не можела да ја добие.

Вработените веднаш отишле да ја проверат, но ја затекнале Каролина мртва.

Поради неисхранетоста, Каролина развила остеопороза, а имала и сериозен недостаток на албумин (белковина во крвната плазма) поради што имала отоци на нозете.

jadela-samo-ovoshje-imala-22kg-tazhnata-prikazna-na-devojka-shto-pochina-od-neishranetost-na-bali-04.jpg

Детали за животот на Каролина на следната страница…



Би можело да ве интересира:

„Си поминав ужасно на одмор во Грција“ - Туристка стана мета на потсмев поради бизарните поплаки за ... Британка која била на одмор на островот Крф вели дека ова ѝ било најлошото патув...
Синот на Доналд Трамп на чуден начин објави дека се свршил – татко му ја тапна по рамо девојката за ... Синот на Доналд Трамп од бракот со Ивана, со чуден и непријатен говор во Белата ...
„Домот ми беше толку расфрлан и валкан, што имав и стаорци – 16 години немав фрлено буквално ништо“ „Го чувам секое парче облека што сум го купила или добила, дури и оние што не ги...
Се огласи девојката која беше најдена со скршени раце и нозе во Дубаи: „Ме нападнаа богаташи, ми се ... „Во собата имаше алкохол и дрога и ме тераа да им се придружам. Им реков дека не...
Го остави сопругот милијардер бидејќи се дружеше со педофил: Каде е денес Мелинда Гејтс? Мелинда Гејтс има релативно скромно потекло и самата успеа за изгради име за себ...
Меланија му ставала креми со кавијар кога бил дете, има свое богатство од 150 милиони долари - Како ... Барон никогаш не носел тренерки, дури ни како дете, туку од мал сакал да се обле...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg