Жена го лажела дечко ѝ дека има рак за да ѝ дава пари – ги трошела на патувања и пластични операции
Џон почнал да се сомнева во целата ситуација во 2021 година.
Тогаш Лора побарала да ја однесе во болница во Англија каде му рекла дека треба да оди на терапија. Но, Лора воопшто не била примена во болницата.
Џон решил да го пребара нејзиниот лаптоп и нејзините лични предмети, па дознал дека ноќта кога ја оставил во болницата, таа фатила такси и отишла на забава.
Не ѝ рекол ништо, но набрзо потоа Лора му побарала околу 7.000 долари за мастектомија и реконструктивна операција на дојка во приватна клиника во Манчестер.
Но, овој пат Џон решил да му се јави на хирургот пред да ја плати сметката, а тој му кажал дека Лора има закажано само операција за зголемување на градите.
Во меѓувреме, Џон дознал и дека Лора и претходно имала кажувано слични лаги – дека има рак или дека „ја победила“ болеста и слично, но немало никакви медицински досиеја што ги потврдуваат нејзините приказни.
Џон и Лора се разделиле во 2021-ва, но таа уште некој период пробувала да продолжи со лагите дека е болна.
Во 2022 година, тој ја пријавил и Лора била уапсена, но негирала вина и тврдела дека Џон ја контролирал.
Кажала и дека страдала од депресија, анксиозност и последици од траума.
Конечно, во 2024 година, Лора признала вина за измама и сега треба да му исплати околу 31.000 долари на Џон.
Истовремено, две години ќе мора да носи алка и да врши општокорисна работа.
Џон, пак, вели дека целото искуство му ја уништило довербата во други луѓе, како и дека сега му е тешко да се зближи со некој поради лагите од поранешната девојка.
Спирова С. | Црнобело