Жена го лажела дечко ѝ дека има рак за да ѝ дава пари – ги трошела на патувања и пластични операции
- Детали
- недела, 12 октомври 2025
Во период од пет години, жена од Англија го лажела нејзиниот партнер дека има неколку видови рак. Тој ѝ давал пари за лекување, но таа ги трошела на патувања, забави, па дури и операција за зголемување на градите.

Лора Мекферсон од Англија го лажела нејзиниот партнер дека има рак, сè со цел да изнуди над 30.000 долари од него, наводно за лекување.
35-годишната Лора, која британските медиуми ја опишуваат како „најзлобната мајка“, ја лажела и својата мала ќерка дека е болна.
Лора го лажела нејзиниот поранешен партнер Џон Ленард неколку години, но сега ќе треба да му ги врати сите пари што ги зела со измами.
Што знаеме за бизарниот случај?
Џон и Лора биле заедно неколку години, кога во 2017-та, Лора почнала да тврди дека има некакви проблеми со здравјето.
Во период од околу пет години, Лора лажела дека има разни видови рак – на дојка на јајник, на матка...
Ситите лаги им и кажувала и на пријателите, но и на нејзината ќерка.
Од Џон барала пари за третмани, како хемотерапија, а иронично е што тој бил дел и од организација која собирала пари за болни од рак.
Во 2018 година, Лора му кажала на Џон дека била излекувана од еден вид рак, па успеала да го натера да ѝ купи подарок.
Радосен за новостите, Џон ѝ купил Rolex часовник, за кој платил дури 30.000 долари.
Сепак, Лора продолжила со лагите дека е болна, дека има други видови рак поради кои мора да оди на терапија во странство.
Како што вели Џон, една од најсуровите лаги што ги слушнал од неа било кога му побарала пари за хистеректомија.
Му рекла дека морала да оди во приватна клиника во Австрија. Џон ѝ поверувал, ѝ дал пари, но Лора отишла во ресорт на одмор.
Лора никогаш не дозволувала пријателите или Џон да дојдат со неа на нејзините третмани, нормално, за да си ги прикрие лагите.
Додека лажела дека е болна, Лора работела во комбинацијата на Џон. Тој сметал дека е премногу болна за да работи, па ѝ давал плата, без разлика што не се ни појавувала во канцеларија.
