Пилот убил маж – мислел дека го снима со пренос во живо: Детали за случајот што го споредуваат со „Нетфликс трилер“
- Детали
- среда, 08 октомври 2025
Пилот од Англија најмил машки ескорт во Барселона, отишол кај него дома и по шест часа заедно, се посомневал дека мажот го снима и дека некој ги гледа во живо. Во паника, зел нож и го убил, а сега пробува да докаже дека делувал во самоодбрана.

На пилот од Англија му се закануваат 20 години затвор во Шпанија, откако убил маж со нож.
Пилотот наводно делувал во самоодбрана – отишол во домот на убиениот маж за да имаат односи, но се посомневал дека мажот го снима и го избодел.
Семејството на пилотот го споредува случајот со „Нетфликс трилер“ и велат дека полицијата потфрлила во истрагата и пропуштиле докази кои потврдуваат дека делувал во самоодбрана.
Па, од 2023 година, кога се случило убиството, судбината на пилотот е во неизвесност.
Што знаеме за бизарното убиство?
Во февруари 2023 година, пилотот Арон Рејнбоу престојувал во Шпанија.
Тој период Шпанецот Оскар Торнеро Ровира работел како ескорт, па пилотот договорил средба со него.
Пилотот Арон отишол кај Оскар кој живеел во рурална област на околу 30 минути од Барселона.
Биле заедно околу шест часа, кога соседите слушнале викање и се јавиле во полиција.
Кога полицијата пристигнала, Оскар бил мртов, а пилотот изгледал збунето и дезориентирано. За да го натераат да се смири, морале да истрелаат и со пиштол во воздух.
Пилотот Арон веднаш го признал убиството, но уште тогаш тврдел дека делувал во самоодбрана.
Сега неговото семејство открива дека уште на почетокот се плашеле дека полицијата ќе потфрли со истрагата.
Пилотот сметал дека Оскар тајно го снимал, а снимката ја емитувал во живо. Неговото семејство вели дека во куќата имало Wi-Fi рутер кој би го потврдил ова. Но, рутерот бил одземен од пријател на убиениот Оскар кој потоа го оштетил.
Тие спомнуваат и низа други пропусти, како тоа дека мобилниот телефон на жртвата не бил соодветно пребаран за докази.
„Откако беше уапсен, Арон рече дека бил издрогиран и дека луѓе го гледале онлајн, преку камери и се плашел за својот живот. Сакал да излезе бидејќи се чувствувал чудно.
Го зел ножот во самоодбрана и тогаш го избодел мажот. Навистина е како нешто од Нетфликс серија“, вели брат му на Арон.
ТОј додава дека во собата имало компјутерска камера и во еден момент Оскар почнал да покажува нешто кон неа. Во тој миг пилотот Арон се посомневал дека можеби камерата снима.
„Мажот тргнал кон вратата, брат ми помислил дека ќе доаѓа уште некој во куќата, па го фатил ножот. Почнале да се борат и го избодел.
Главниот фокус ни е тоа што се превидуваат некои сериозни докази. Најмногу се истакнува рутерот кој еден ден по убиството, беше изнесен од куќата. Веруваме дека имало луѓе поврзани на рутерот, но доказот е уништен.
Сметаме дека барем две лица во близина на куќата биле поврзани на рутерот таа ноќ. Веруваме дека куќата била тајно секс студио и дека Арон бил намамен да оди таму за да го издрогираат и снимаат.
Којзнае што би се случило на крајот“, додава брат му на Арон.
„Брат ми смета дека е жртва на емитување во живо и вели дека слушнал и туѓо дишење во собата и бил преплашен за својот живот.
Не ѝ веруваме на полицијата бидејќи велат дека не нашле ништо на електронските уреди. Но, ние велиме дека не се соодветно пребарани“.
Семејството на Арон најмило и свои IT експерти и се надеваат дека полицијата ќе ги земе предвид и тие докази.
Од друга страна, обвинителот во случајот барал 20-годишна казна затвор и открива дека пилотот и убиениот маж користеле разни наркотици на кобната ноќ.
„За време на средбата ставиле душек во дневната соба и наредиле различни секс играчки, вијагра и наркотици. Забава почнала во 9:45 навечер.
Околу 2:45 наутро, обвинетиот отишол во кујната и зел нож со кој ја избодел жртвата неколкупати“, вели обвинителот.
Тој истакнува и дека во куќата имало камери, но биле безбедносни и биле исклучени ноќта кога се случило убиството.
Спирова С. | Црнобело