„Бев на 8 патувања во една година, сама без сопругот и децата“
- Детали
- сабота, 18 октомври 2025
„Не ми треба дозвола од сопругот за да резервирам соло патување, бидејќи знае дека ми е потребно за моето ментално здравје. Потоа сум подобра сопруга и мајка“, вели Худа Алви (39) од Канада.

Худа Алви (39) од Канада е мајка на 3 деца, која изминатата година била на 8 неверојатни патувања сама и воопшто не жали што го оставила семејството дома.
Таа вели дека нејзините соло патувања ја прават подобра сопруга и мајка и ја полнат со енергија.

И Худа не е единствена. Сè повеќе патници одлучуваат да патуваат соло, особено жени во средни години, кои конечно сакаат да си посветат време на себе.
Овие жени велат дека години и години посветиле на кариера или воспитување деца и сега сакаат време за себе.

Худа почнала да патува сама во ноември 2018 со тура низ САД – посета на Малибу, Лос Анџелес и Монтереј.
Оттогаш, таа истражувала далечни дестинации како Мароко, Италија, Колумбија, Костарика, Виетнам и Париз, а нејзиниот сопруг секогаш ја поддржувал.

„Патувањето е дел од мојата ДНК. Не ми треба дозвола од сопругот за да резервирам соло патување, бидејќи знае дека ми е потребно за моето ментално здравје.
Сите околу мене ги гледаат ефектите што ги имаат патувањата врз мене - ме прават подобра мајка и сопруга. Станувам поодморена и емотивно поприсутна...“

Худа од првиот брак се развела на 22 години и се преселила назад кај своите родители со двете мали деца. Работела како агент за недвижности додека го градела својот живот одново.
„Како жена со муслиманско потекло, разводот беше и сè уште е табу тема.
Се чувствував како неуспех и тоа ми ја намали самодовербата. Но, се фокусирав на себе и моите деца и го изградив животот одново“.

Во 2007 го запознала сегашниот сопруг, Јехија Буб, пожарникар, и пет години подоцна се венчале.
Денес живеат заедно со нејзините деца (17 и 19 години) и неговиот син (18 години).
