Злосторство што го потресе светот: Италијанска манекенка избодена 24 пати од партнерот - сакала да го остави

Некои соседи изјавиле дека виделе маж како бесно влетува во станот непосредно пред злосторството. Еден сведок изјавил дека ја слушнал Џенини како вика: „Помош! Помош!“, непосредно пред да биде убиена.
Пријателка на жртвата им кажала на полицајците дека врската меѓу Џенини и Сончин била проблематична со месеци, и дека таа планирала да го остави.

Џенини, која работела како модел во Милано, била коосновач на брендот за костими за капење SheLux и водела бизнис со луксузни недвижности.
Таа исто така била дел од италијанско ријалити шоу, каде што натпреварувачите учествуваат голи.

Памела често го прикажувала својот гламурозен живот на Инстаграм, објавувајќи фотографии од одмори во Портофино и појавувања на црвениот тепих на Филмскиот фестивал во Венеција.
Таа била во врска со Сончин повеќе од една година пред убиството, кој ѝ бил познат на полицијата поради извршени превари.
С. С. | Црнобело