Финска е најсреќна земја во светот 9-та година по ред, ние сме на 82-ро место – каде е најубаво за живот?
- Детали
- четврток, 19 март 2026
Деветта година по ред Финска е на првото место на извештајот на најсреќни земји на светот, по неа се и другите скандинавски земји, но и Костарика. Од земјите во регионот, највисоко котира Косово на 16-то место, а две места под нас е Бугарија.

The World Happiness Report е годишен извештај кој се објавува од страна на Обединетите Нации во соработка со експерти од разни области, а покажува колку луѓето се чувствуваат среќни во земјите низ светот.
Извештајот се изработува врз основа на анкети, во кои луѓето одговараат прашања поврзани со квалитетот на животот во нивната држава, а се земаат предвид и економски и социјални фактори, како животни трошоци, слобода на говор, корупција и други фактори кои влијаат на рангирањето.
Извештајот за 2026 е објавен денес, а се базира на податоци кои биле прибирани во последните три години.
Најсреќна земја во светот, 9-ти пат по ред е Финска, а по неа како и изминатите години, се наоѓаат скандинавските земји.

Помеѓу нордиските земји, на третото место се наоѓа Костарика, а од сите 147 земји на листата, на последно место е Авганистан.
Македонија годинава се најде на 82-то место, а од земјите во регионот пак, Косово е рангирана највисоко, на 16-то место.

Љубљана е на 18-то место, Србија го зазема 30-тото место, Црна Гора - 60-тото, Хрватска - 70-то, а Бугарија е на 84-то место.

Погледнете кои се 20-те најсреќни земји, каде е најубаво за живот:
- Финска
- Исланд
- Данска
- Костарика
- Шведска
- Норвешка
- Холандија
- Израел
- Луксембург
- Швајцарија
- Нов Зеланд
- Мексико
- Ирска
- Белгија
- Австралија
- Косово
- Германија
- Словенија
- Австрија
- Чешка
Целиот извештај погледнете го ТУКА.
Прочитајте и 22 причини зошто Финска е најсреќната земја на светот
М. М. | Црнобело / фото: depositphotos.com