„Лажев дека сум болна од рак – не беше за лајкови и популарност, но сега имам милиони следбеници“
Кога лагата на Британи била разоткриена, таа морала да ги врати донираните пари, но сепак успеала да го скрие целиот инцидент од јавноста.
„Точно е дека ова се случи пред многу години, но погрешно е да лаже дека има рак.
Многу од нејзините следбеници имаат блиски кои се болни од рак, но не знаат дека прославуваат измамник“, додава поранешната пријателка на Британи.
Британи дури и ги лажела пријателките дека е во болница, дека се лекува со радиотерапија и барала постојано да бидат со неа.
А откако се открила лагата, до денес бришела коментари на Инстаграм и ТикТок ако некој ја спомнел.
„Британи направи сè во нејзина моќ за да ја избрише нејзината историја – ги брише сите коментари кои ја спомнуваат лагата.
Страшно е да се помисли дека со задоволство лажеше дека има рак и ова ме тера да се прашам на што е подготвена само за да биде славна“.
Бидејќи колумната на The Sun почна да се споделува вирално, Британи конечно реши да се огласи и да се оправда. Таа тврди дека не зела ништо од донациите.
„Штом видов дека има донации – имаше две – веднаш ја затворив страницата“.
Британи вели дека жали што ја кажала лагата, но не било со цел да ги мами сите.
„Жалам што во доверба ѝ кажав на другарка дека имам болест. Го направив ова за да ги зачувам блиските во мојот живот. Не се оправдувам, разбирам зошто го направив сето ова и научив од моите грешки…
Ова не беше некоја долготрајна измама. Тој период бев во многу лоша психичка состојба. Бев до депресија и постојано бев збунета, откако ги загубив партнерот и работно место“.
Британи вели дека имала и други проблеми кои ѝ ги влошиле менталното здравје, а тврди дека нејзините поранешни пријатели сега ја преувеличуваат приказната.
„Во 2017 година бев во многу лоша состојба и не бев свесна колку е сериозна ситуацијата… Сега го надминав ова. Работам на тоа да станам најдобрата верзија од себе.
Исто така, искрено се извинувам за она што го кажував. Ова беше пред да бидам толку активна на социјалните мрежи, не го правев за лајкови или следбеници. Знам колку е страшна оваа болест“.
Видеото со извинувањето има над девет милиони прегледи и во коментари, мислењата на корисниците се поделени.
Некои ја поддржуваат бидејќи ја раскажа својата верзија, но други ја критикуваат:
„Сите секогаш се оправдуваат со проблеми со менталното здравје“.
„Зарем некој верува во ова“.
„Те слушаме и те осудуваме“.
„Сè што слушам е ’јас, јас, јас‘“.
На Инстаграм, пак, нема коментари на нејзините објави, но Британи ставила ограничување за тоа кој може да коментира.
Спирова С. | Црнобело