„Лажев дека сум болна од рак – не беше за лајкови и популарност, но сега имам милиони следбеници“

Инфлуенсерка од Англија со над 3 милиони следбеници на ТикТок се соочува со oстри критики откако се дозна дека пред неколку години, лажела дека има рак во трети стадиум. Ова однекаде ѝ помогнало да се прослави, но досега успешно ги криела трагите од нејзината голема измама.

lazhev-deka-sum-bolna-od-rak-ne-beshe-za-lajkovi-i-popularnost-no-sega-imam-milioni-sledbenici-01.jpg

Многу луѓе сонуваат да станат инфлуенсери, а има луѓе кои се подготвени да одат до крајности за да се прослават.

Некои прават опасни предизвици, некои се задолжуваат за да позираат на егзотични дестинации и скапи аутфити, а постојат и такви кои лажат дека имаат смртоносна болест.

Во последната категорија спаѓа Британи Милер, една од најпознатите инфлуенсерки во Англија.

29-годишната Британи е мајка на близнаци, па нејзиниот профил е со фокус на семејниот живот.

lazhev-deka-sum-bolna-od-rak-ne-beshe-za-lajkovi-i-popularnost-no-sega-imam-milioni-sledbenici-08.JPG

Има над половина милион следбеници на Инстаграм, како и 3,5 милиони следбеници на ТикТок со кои редовно споделува фотки од нејзиното навидум совршено секојдневие.

Но, британскиот The Sun објави колумна со која докажува дека Британи се прославила лажејќи ги следбениците дека има рак на желудникот во четврти стадиум.

Притоа, таа не ги лажела само следбениците, туку и нејзините блиски кои почнале да собираат и донации за лекување.

lazhev-deka-sum-bolna-od-rak-ne-beshe-za-lajkovi-i-popularnost-no-sega-imam-milioni-sledbenici-11.JPG

Тврдењата на магазинот ги потврди и самата Британи, која неодамна реши да се огласи за големата лага.

Британи почнала да се прославува во 2017 година, кога почнала да лаже и за нејзината дијагноза.

Но, како што ѝ се зголемувал бројот на следбеници, сè поретко зборувала за наводната болест, за на крај целосно да престане да ја спомнува.

Денес на нејзиниот профил нема никаков доказ дека Британи некогаш имала рак.

lazhev-deka-sum-bolna-od-rak-ne-beshe-za-lajkovi-i-popularnost-no-sega-imam-milioni-sledbenici-12.JPG

Вистината излегла на виделина во 2020 година, кога Британи почнала соработка со добротворна организација за заболени од рак на дојка.

Тогаш, нејзината поранешна пријателка решила да се огласи и открива дека Британи лажела за дијагнозата.

Според пријателката, Британи самата ја почнала кампањата за донации и ги молела блиските да ја споделуваат.

„Британи ги лажеше сите – не само пријателите, туку и нејзините следбеници. Сега ја следат милиони луѓе, а никој не знае каква личност е во реалноста“.

lazhev-deka-sum-bolna-od-rak-ne-beshe-za-lajkovi-i-popularnost-no-sega-imam-milioni-sledbenici-6.JPG

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Бев на 8 патувања во една година, сама без сопругот и децата“ „Не ми треба дозвола од сопругот за да резервирам соло патување, бидејќи знае де...
„Зависна сум од солариум – ми се појавија чудни израстоци на кожата, но сепак одам секој ден“ Млада Британка за себе вели дека е зависна од солариум и оди секој ден по 30 мин...
Синот на Доналд Трамп на чуден начин објави дека се свршил – татко му ја тапна по рамо девојката за ... Синот на Доналд Трамп од бракот со Ивана, со чуден и непријатен говор во Белата ...
„Луѓе ми плаќаат 5.000€ да се појавам на нивниот погреб за да откријам мрачни тајни или да пренесам ... „Во името на една старица пред ужалените кажав дека таа не му е мајка на нејзини...
„Пораснав на улица со мајка зависник, татко коцкар - сега имам милиони, уживам во луксуз и се фалам ... „Мајка ми ме родила на 16 години. Татко ми беше многу постар маж, во тоа време и...
Можни причини зошто Меланија останува со Доналд Трамп (иако некогаш изгледа како да го мрази) Меланија знае како е да се почне од нула, па веројатно не сака да си ја загрозув...

Најчитани неделава