Бившиот ѝ го скрил телото во куфер во шума: Детали за грозоморното убиство на инфлуенсерка од Австрија
- Детали
- понеделник, 01 декември 2025
По потрага која траеше скоро цела недела, телото на 31-годишната бјути инфлуенсерка од Австрија беше пронајдено во шума, во Словачка. Ја убил нејзиниот поранешен дечко, кој потоа пробал да ѝ го скрие телото во куфер.

Пред 10-тина дена, во јавност почна да се споделува веста за исчезнувањето на Стефани Пајпер – 31-годишна бјути инфлуенсерка од Австрија.
Минатата недела, потрагата заврши со трагедија, откако телото на инфлуенсерката беше пронајдено во шума во Словенија, а нејзиниот поранешен дечко е главниот осомничен.
Што знаеме за грозоморното убиство?
На 23-ти ноември, Стефани Пајпер, која живеела во Грац, исчезнала откако се вратила од забава.
Според нејзиното семејство, таа ја напуштила забавата со другарка и со такси стигнала до дома. Но, во недела наутро имала закажано фотосесија на која не се појавила.
Бидејќи никој не можел да ја добие ни на телефон, семејството, загрижено, пријавило во полиција.
Веднаш била започната истрга, а на полицијата ѝ станало сомнително тоа што нејзиниот поранешен дечко неколку пати отишол во Словенија непосредно пред и по исчезнувањето на Стефани.
Фотографот со кој Стефани имала закажано фотосесија отишол во нејзиниот дом, а овде го затекнал нејзиниот поранешен дечко – 31-годишниот Питер (во некои медиуми се користи името Паркер).
Питер го пуштил да влезе во станот, но на фотографот целата ситуација му била сомнителна, па повикал полиција.
Полицијата веднаш пристигнала, но Питер веќе си заминал. Во станот го нашле кучето на Стефани, оставено само, а во грмушка во близина на зградата го нашле и нејзиниот исклучен телефон.
Додека ги испрашувале соседите, дознале и дека од станот на Стефани се слушала врева утрото кога исчезнала.
Наводно, Стефани контактирал ѝ пријателка во миговите пред да исчезне.
„Има морничава личност на скалите“ – гласи пораката што ѝ ја испратила.