Инфлуенсерка го истетовирала цело тело – од гради до стапала и задник, потрошила 32.000 евра

„Само долниот дел од стапалата, ушите и лицето ми се без тетоважа, а често добивам непристојни прашања“ – вели австралиската инфлуенсерка, чие тело е речиси целосно покриено со тетоважи на кои се гордее, а често позира полугола за да ги покаже. Потрошила 32.000 евра, а имала 7-часовни сесии за тетовирање.

influenserka-go-istetovirala-celo-telo-od-gradi-do-stapala-i-zadnik-potroshila-32-000-evra-01.jpg

Инфлуенсерката Блу Валентајн од Мелбурн, Австралија, има голем број следбеници кои го следат нејзиниот прогрес во тетовирањето низ годините.

Сега, 28-годишната девојка има околу 250 тетоважи по целото тело, почнувајќи од вратот до стапалата, без исклучување на градите и задникот.

influenserka-go-istetovirala-celo-telo-od-gradi-do-stapala-i-zadnik-potroshila-32-000-evra-09.jpg

Таа знаела дека отсекогаш сака тетоважи, а за себе вели дека е „сè или ништо“ тип на личност, па затоа речиси нема слободно место на нејзиното тело за нова тетоважа.

„Само долниот дел од стапалата, лицето и ушите ми се слободни“ – изјавила Блу за People, додавајќи дека ушите ѝ се следни на листа, а дека лицето сака да ѝ остане без тетоважи.

influenserka-go-istetovirala-celo-telo-od-gradi-do-stapala-i-zadnik-potroshila-32-000-evra-10.jpg

Но, нејзината трансформација, освен што чинела многу пари, таа ја платила и со тоа што мора да се соочува со секакви коментари од луѓето во животот.

„Мажите зјапаат и поставуваат непристојни прашања. Работам во бар и нема ноќ која поминува без некаква форма на вознемирување и коментар упатен кон мене и моите тетоважи.

Но, не ги земам при срце, бидејќи моите тетоважи се она што јас го сакам и сум го планирала.

Горда сум на тоа што постигнавме јас и моите артисти, и сега сум неверојатно самоуверена во мојата кожа заради тоа“.

influenserka-go-istetovirala-celo-telo-od-gradi-do-stapala-i-zadnik-potroshila-32-000-evra-08.jpg

Инаку, тетоважите кои таа ги прави се тематски, а досега има неколку разлечни – ресторан, војска, циркус, гаража, винтиџ и други, а тоа што им е заедничко на сите е што се илустрации инспирирани од „pin up“ културата во 50-тите години, како што таа и се облекува.

Првата тетоважа таа си ја ставила кога имала 23 години, првично се плашела и не била сигурна дали ќе издржи да го истетовира цело тело.

influenserka-go-istetovirala-celo-telo-od-gradi-do-stapala-i-zadnik-potroshila-32-000-evra-06.jpg

„Ми беше страв дека нема да ја издржам болката бидејќи не сакам игли и крв.

Направив мала традиционална тетоважа – цвеќе на ребрата, но помина добро иако имав болки.

Кога си отидов од студиото, ми помина и за една недела си закажав тетовирање на цел ракав“.

influenserka-go-istetovirala-celo-telo-od-gradi-do-stapala-i-zadnik-potroshila-32-000-evra-03.jpg

5 години подоцна, нејзиното тело е речиси целосно прекриено со тетовирани цртежи и гордо ги покажува со полуголи пози на Инстаграм.

Погледнете повеќе фотки:

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ќерка на ирански тајкун троши повеќе од 500.000 евра месечно - Се фали на Инстаграм со „парите на та... „Добивам многу негативни реакции од луѓе кои ме задеваат дека трошам ‘пари од та...
Инфекција на градите, нос со некроза: Морничавата вистина зад „живите барбики“ Инфекции по лошо изведени операции, отоци поради филери во непроверени клиники –...
Љубовта на норвешкиот фудбалер Халанд - на девојката фудбалерка ѝ купи чанта од 380.000 евра, растел... Тие се моќно модно дуо, а нивната љубовна приказна е уникатна – се познаваат од ...
„Лицето ми се деформира од паразит – си ги потрошив сите пари за да најдам лек, ми се уништи животот... Американска ријалити ѕвезда вели дека „закачила“ паразит во Мароко што ѝ го дефо...
13-годишно девојче е жртвата најдена во автомобилот на млад музичар - Што знаеме за случајот што ја ... 13-годишната Селест Ривас Хернандез беше пријавена за исчезната во април 2024, а...
„Живеам од социјална помош бидејќи ми е стресно да работам – си купив куќа и ги зголемив градите, не... Жена од Англија 23 години живее од социјална помош бидејќи, како што вели, полес...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg