Бившиот ѝ го скрил телото во куфер во шума: Детали за грозоморното убиство на инфлуенсерка од Австрија

Во меѓувреме, поранешниот дечко на Стефани побегнал во Словенија, каде и што бил уапсен.

bivshiot-go-skril-teloto-vo-kufer-vo-shuma-detali-za-grozomornoto-ubistvo-na-influenserka-od-avstrija-06.JPG

Уште пред австриската полиција да ја прошири истрагата, дечко ѝ бил затекнат како го пали својот автомобил. Па словенечката полиција го уапсила.

„Се верува дека мажот патувал до Словенија неколкупати со неговиот автомобил. Полицијата која работи на истрага не можеше да го контактира.

Во понеделникот вечерта, 24-ти ноември, словенечката полиција соопшти дека бил запален автомобил на паркингот на казино во близина на границата. Ова беше автомобилот на 31-годишниот маж.

Тој беше пронајден во непосредна близина на запалениот автомобил и уапсен од словенечката полицијата“, споделија надлежните и додадоа дека ќе биде вратен во Австрија.

bivshiot-go-skril-teloto-vo-kufer-vo-shuma-detali-za-grozomornoto-ubistvo-na-influenserka-od-avstrija-7.JPG

На почетокот, немаш никакви информации за состојбата на Стефани, но следниот ден надлежните соопштија дека биле уапсени и двајца членови на семејството на нејзиниот поранешен дечко.

„Уапсените лица се во притвор и полицијата ги испрашува. Форензичката истрага на автомобилот на поранешниот партнер не покажа ништо за исчезнатата жена. Истрагата продолжува и во Словенија и во Австрија“.

Но, веќе на 29-ти ноември, надлежните споделија дека Стефани е пронајдена мртва, во шума во Словенија.

Нејзиниот поранешен дечко го признал убиството – ја задавил, а потоа ѝ го ставил телото во куфер и пробал да го скрие во шумата.

Тој самиот ја однел полицијата до нејзиното мртво тело.

bivshiot-go-skril-teloto-vo-kufer-vo-shuma-detali-za-grozomornoto-ubistvo-na-influenserka-od-avstrija-8.JPG

Засега не се познати детали за врската на Стефани и убиецот, освен дека на денот кога се случило убиството, веќе не биле заедно.

Не е познато кога се разделиле, а според полицијата, мотивот за убиството уште не е познат. Сепак, се шпекулира дека е во прашање фемицид.

Блиските на Стефани засега одбиваат да зборуваат.

bivshiot-go-skril-teloto-vo-kufer-vo-shuma-detali-za-grozomornoto-ubistvo-na-influenserka-od-avstrija-03.JPG

Стефани била бјути инфлуенсерка и мејкап артистка во Австрија, со над 44.000 следбеници на Инстаграм.

Нејзиниот поранешен дечко, од друга страна, работел како чувар, а наводно играл и покер.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Го остави сопругот милијардер бидејќи се дружеше со педофил: Каде е денес Мелинда Гејтс? Мелинда Гејтс има релативно скромно потекло и самата успеа за изгради име за себ...
Инфлуенсерка го истетовирала цело тело – од гради до стапала и задник, потрошила 32.000 евра „Само долниот дел од стапалата, ушите и лицето ми се без тетоважа, а често добив...
Спиел со Русинки и се заразил од нив, имал афери со жени во брак: Бил Гејтс спомнат во документите н... Според мејлови кои се објавени во документите од истрагата за Епстин, Бил Гејтс ...
Синот на Доналд Трамп на чуден начин објави дека се свршил – татко му ја тапна по рамо девојката за ... Синот на Доналд Трамп од бракот со Ивана, со чуден и непријатен говор во Белата ...
„Се вљубив во воин од племе во Кенија – ги оставив сопругот и децата за него, но направив огромна гр... Додека била на одмор во Кенија, жена од Англија се вљубила во воин од племето Ма...
Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...

Најчитани неделава