Во љубов е со милионер една глава понизок од неа - Зошто врската на манекенката Викторија Силвстед ја шокира јавноста?
Почнала да скија на петгодишна возраст, но повреда на рамото на 16-годишна возраст ја прекинала нејзината спортска кариера.

Поради висината и убавината се свртела кон модата, па во 1993 година била прогласена за Мис Шведска, а следната година влегла меѓу десетте најубави жени на изборот за Мис на светот.

Потоа почнала да гради кариера како модел во Париз, а нејзиниот талент го препознал Хју Хефнер, основачот на списанието Playboy, кој ја зел под своја заштита, како една од неговите зајачици, па таа станала препознатливо лице кон крајот на деведесеттите години.

Освен како модел, таа се била ангажирана и како глумица - играла во бројни филмови и серии во Европа, вклучувајќи италијански продукции, поради што со години се смета за една од најатрактивните и најубави жени во Европа.

Се обиде и да пее и во 1999 година го издаде албумот Girl on the Run, а подоцна сними уште два сингла. Последниот го промовираше во 2025 година, песната Love It!, но таа помина незабележително.

Пред љубовта со Морис Дабах, таа беше 10 години во брак со американскиот водител Крис Раги, од кого се раздели во 2009 година.

А. Ј. | Црнобело
