Во љубов е со милионер една глава понизок од неа - Зошто врската на манекенката Викторија Силвстед ја шокира јавноста?
- Детали
- сабота, 13 декември 2025
Актерката, модел, пејачка и поранешна Плејбој зајачица, Викторија Силвстед (51), веќе 14 години е во љубов со швајцарскиот милионер Морис Дабах (72). Поради разликата во годините, но и нивната висина, тие се често мета на критики во јавноста.

И покрај тоа што се заедно повеќе од една деценија, јавноста како да не може да го прифати фактот дека една од најубавите жени во Европа е во врска со бизнисменот кој е нејзина спротивност - низок и невпечатлив.

Затоа, кога во медиумите ќе излезат нивни папарацо фотографии, луѓето велат дека се шокирани, а коментарите се најчесто негативни - и поради фактот што тој е 21 година постар од неа, но и затоа што е цела глава понизок, а Викторија сака да носи високи потпетици.

Многумина велат и дека Швеѓанката е со својот партнер поради неговото богатство и дека парите се единствената работа поврзана со Дабах што е привлечна кај него.
Богатиот човек не само што е повеќе од 20 години постар од својата девојка, туку е и за глава понизок, поради што нивните папарацо фотографии често привлекуваат негативни коментари, а често се слуша дека парите се најатрактивната работа кај Дабах.

Тој е основач на компанијата Empire Resorts, која го разви познатиот комплекс Monticello Casino & Racewa и поседува бројни недвижнини низ целиот свет.

Но, и Викторија е многу богата жена: таа соработувала со голем број луксузни модни куќи, вклучувајќи Chanel, Christian Dior, Giorgio Armani, Givenchy, Loris Azzaro и Valentino, а била и амбасадор на брендот Guess.
Поради сето ова, се проценува дека нејзиното богатство е поголемо од 20 милиони долари, поради што не ѝ требаат туѓи пари.

Која е Викторија Силвстед?
Викторија е родена на северот од Шведска и како девојче сонувала да стане ветеринар, иако била талентирана спортистка.
